Прејди на содржината

Ѓобекли Тепе

Координати: 37°13′23″N 38°55′21″E / 37.22306° СГШ; 38.92250° ИГД / 37.22306; 38.92250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓобекли Тепе
  • Girê Mirazan
  • Xirabreşkê
Фотографија од главното подрачје за ископување на Ѓобекли Тепе, на која се прикажани урнатините на неколку праисториски градби.
Главното ископувачко подрачје на Ѓобекли Тепе
МестоШанлаурфа, Турција
ОбластЈугоисточна Анадолија
Координати37°13′23″N 38°55′21″E / 37.22306° СГШ; 38.92250° ИГД / 37.22306; 38.92250
Историја
Изграденoоколу 9500 п.н.е.
Напуштенооколу 8000 п.н.е.
Раздобје
  • докерамиски неолит А
  • докерамиски неолит Б
Белешки за наоѓалиштето
Откриено1963
Ископување1995—
Археолози
  • Клаус Шмит
  • Неџми Карул
  • Ли Клер
Состојбадобро сочувана
Службен назив: Ѓобекли Тепе
Тип:културно наследство
Критериуми:(i), (ii), (iv)
Прогласено:2018 (42-та седница)
Број1572
Регион:Западна Азија

Ѓобекли Тепе (турски: Göbekli Tepe, Göbeklitepe) — археолошко наоѓалиште што потекнува од докерамискиот неолит А, а веројатно дури и од времето на епипалеолитот, кој се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Шанлаурфа и на 2,5 километри од селото Оренџик. Возвишението е во суштина тел, високо 15 м, околу 300 м во пречник, кој се наоѓа на приближно 760 м надморска височина. Тоа е најдревното мегалитско археолошко наоѓалиште во светот.[1] Неговата старост е најмалку 12.000 години. Датирана е во IX илјадалетие п.н.е. Објектот има кружен облик (концентрични кругови, чиј број достигнува 20) со релјефи од стели во облик на Т што претставуваат различни животни. Комплексот бил покриен со ситен грагор и други фрагменти во VIII илјадалетие п.н.е. Археолошките наоди од Ѓобекли Тепе и Невала Чори ги револуционизираат поимите за раниот неолит во Блискиот Исток.

Ѓобекли Тепе им е познат на археолозите уште од раните 1960-ти, но никој не го погодил неговото вистинско значење. Местото под ридот требало да биде византиски гробишта. Дури откако еден местен овчар ископал една од колоните во 1994 година и открил релјеф на чудно животно, започнале ископувањата организирани од Германскиот археолошки институт во соработка со музејот Шанлаурфа.[2] Веднаш по првите ископувања станало јасно дека станува збор за објект што датира од камено време.[3] Само 5 % од целиот комплекс е ископан. Во 2018 година, Ѓобекли Тепе бил вклучен во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО.[4] Неговиот истражувач, германскиот археолог Клаус Шмит, претполага дека Ѓобекли Тепе е древна култна градба.[3] Неговата изградба започнала уште во мезолитот, а неговата употреба продолжила најмалку неколку илјадалетија. По крајот на VIII илјадалетие п.н.е. објектот бил закопан и напуштен.

  1. Sandra Scham, The World's First Temple Архивирано на 29 март 2012 г., Nov./Dec. 2008, Vol. 61 Iss. 6, с. 23
  2. „Deutsches Archäoligisches Institut“. Архивирано од изворникот на 2012-02-19. Посетено на 2023-02-24.
  3. 3,0 3,1 Curry, Andrew (November 2008). „Göbekli Tepe: The World's First Temple?“. Smithsonian Institution.
  4. Centre, UNESCO World Heritage. „Göbekli Tepe“. whc.unesco.org (англиски). Посетено на 2018-07-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]