Аграрна реформа
Аграрна реформа е промена во земјишните имотни односи и на имотната структура со интервенција на државата. Аграрната реформа е една од најзначајните мерки на аграрната политика, затоа што ги решава клучните прашања на аграрната структура. Се јавува во услови на стопанска неразвиеност и аграрна пренаселеност.
Светската банка ја евалуира аграрната реформа според пет димензии:
- (1) цена и либерализација на пазарот,
- (2) имотна реформа,
- (3) агро-преработка и снабдување на доводни канали,
- (4) рурални финансии и
- (5) пазарни институции.[1]
Аграрната реформа во РМ
[уреди | уреди извор]Со Законот за аграрна реформа и колонизација (1945) се извршило ликвидирање и експропријација на капиталистичките стопанства при што имотот бил ограничен на 35 ха вкупна површина кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Со Законот за земјоделскиот земјиштен фонд (1953) бил ограничен аграрниот максимум на 10 ха кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Земјишниот максимум бил укинат во 1988.[2]
Извор
[уреди | уреди извор]- ↑ Csaba Csaki and John Nash, The Agrarian Economies of Central and Eastern Europe and the Commonwealth of Independent States, World Bank Discussion Paper 387, Washington, DC, 1998.
- ↑ Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 14. ISBN 978-608-203-023-4.