Прејди на содржината

Акче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Акче издадена од султанот Осман I

Акче (тур. ак = бел, белa пара[1]) — ситна турска сребрена пара, кована од времето на султанот Орхан (1326—59) до крајот на XVII век. Во почетокот вредноста на едно акче била 1/40 талири (гроша), односно 1/60 од златен алтан. Подоцна вредноста опаѓа. Големината му била 10-12мм, а тежината на акчето во почетокот била 1,07 грама, а подоцна тежината, како и вредноста опаѓала до 0,13 г. Во промет се појавувале и таканаречени чурук акчеси (нездраво, излижано или фалсификувано акче), за разлика од саг или халис акчеси (здраво, чисто акче).[2]

Ковано е во многу ковници на Османлиското Царство, па и на балканските простори: Сараево, Сребреница, Чајниче, Белград, Ново Брдо, Кочани, Скопје и Ресен.

Во подоцниот турски паричен систем 1 акче (аспра) вредело три пари.

Забелешка

[уреди | уреди извор]
1 Во 1431година еден млетачки дукат вредел 35 акчи, исто толку и околу 1455 година, додека 1488 година вредел 49 акчи, во 1510 година 54 акчи, а во 1590 година 120 акчи.[3]
  1. „Akçe“.
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 19. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „ТУРСКИ КАТАСТАРСКИ ПОПИСИ од 1455 година, страна 6 (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-09-14. Посетено на 2018-07-30.