Алдаир
Алдаир | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Алдаир Насименто дос Сантос | ||
Роден на | 30 ноември 1965 | ||
Роден во | Иљеус, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м | 1,82||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 2008 (43 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Фламенго | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1986-1989 | Фламенго | 54 | (3) |
1989-1990 | Бенфика | 22 | (5) |
1990-2003 | Рома | 330 | (14) |
2003-2004 | Џенова | 17 | (1) |
2005 | Рио Бранко | 2 | (0) |
2007-2008 | Мурата | 10 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1989-2000 | Бразил | 80 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Алдаир Насименто дос Сантос (роден во Иљеус, Бразил на 30 ноември 1965) познат само како Алдаир — поранешен бразилски фудбалер, играч од одбраната.
Најголемиот дел од својата кариера (13 години) тој го минал играјќи за италијанската Рома, клуб во кој бил капитен и со кој освоил едно скудето во 2001 година. По неговото заминувањето од италијанската престолнина во 2003 година, Рома го повлекла од употреба неговиот дрес со број 6.
Алдаир бил и репрезентативец на Бразил во периодот 1989-2000, а најголемиот успех со репрезентацијата го забележал на Светското првенство 1994 во САД кога станал светски првак.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Алдаир ја започнал својата кариера во Фламенго во 1985 година, а веќе во следната година дебитирал за клубот и го освоил бразилското првенство.
Во 1989 тој како и многу други бразилци заминал во Европа, каде прв клуб со кој потпишал договор била Бенфика, со која триумфирал во Суперкупот на Португалија. Во единствената сезона помината во португалскиот клуб, Алдаир играл и финале на Европскиот куп на шампиони во мај 1990 против Милан; натпреварот се одиграл на Пратер стадионот во Виена, а неговиот клуб загубил со 1-0.
Најголемите успеси во својата клупска кариера Алдаир ги остварил со трансферот во екипата на Рома во 1990 година. Тој одиграл преку 400 натпревари во сите натпреварувања за клубот и ги освоил сите домашни натпреварувања во една од најсилните лиги во тој период: Купот на Италија во сезоната 1990-1991, Серија А во сезоната 2000-2001 (што била прва титула за клубот по 18 години) и Суперкупот на Италија во летото 2001 со победата над Фјорентина. По заминувањето на Алдаир од клубот неговиот дрес со број 6 бил повлечен од употреба како знак на благодарност за тоа што го сторил за нив. Сепак во 2013 година, дресот се вратил во употреба кога холанѓанецот Кевин Стротман избрал да го носи на својот грб меѓутоа со претходно одобрување на Алдаир.
Алдаир исто така бил и капитен на Рома, а подоцна неговата лента ја преземала уште една легенда на клубот Франческо Тоти.
По заминувањето од Рим, Алдаир поминал една сезона (2003-2004) во Џенова, во Серија Б. Во 2005 година тој се вратил назад во Бразил каде заиграл за нисколигашот Рио Бранко. Алдаир одиграл само два натпревари, но неговото присуство и искуството кое тој го имал било од огромно значење за Рио Бранко кој го освоил првенството.
Тој ја завршил кариерата во Рио Бранко кон крајот на 2005 година, меѓутоа поранешниот соиграч и добар пријател на Алдаир, Масимо Агостини, го наговорил да му се врати на фудбалот потпишувајќи за екипата на СС Мурата од Сан Марино, пред нивните натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите. Освен во квалификациите настапувал за клубот и во првенствени натпревари сè до крајот на сезоната 2007-2008 кога решил конечно да се пензионира.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Алдаир станал член на репрезентацијата на Бразил во 1989, година во која кариоките го освоиле четвртиот наслов на Копа Америка. Како член на репрезентацијата Алдаир настапил на три светски првенства (Италија 1990, САД 1994 и Франција 1998), а наголемиот успех во кариерата го остварил на првенството во САД 1994 кога станал светски првак. На следниот мундијал во Франција 1998, Алдаир и неговите сонародници играле во големото финале, но таму биле убедливо поразени од домаќинот со 3-0.
Меѓу останатите успеси на Алдаир на репрезентативно ниво се олимписката бронза на ЛОИ во Атланта 1996, уште еден успех на Копа Америка во 1997 и насловот на Купот на конфедерациите истата година.
Алдаир одиграл вкупно 81 натпревар за Бразил и постигнал 3 гола.
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Фламенго
[уреди | уреди извор]- Кампеонато Бразилеиро (1) : 1986
Бенфика
[уреди | уреди извор]- Суперкуп на Португалија (1) : 1990
Рома
[уреди | уреди извор]- Серија А (1) : 2000–2001
- Куп на Италија (1) : 1991
- Суперкуп на Италија (1) : 2001
Мурата
[уреди | уреди извор]- Првенство на Сан Марино (1) : 2007–2008
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Бразил
[уреди | уреди извор]- Копа Америка (2) : 1989, 1997, вицешампион 1995
- Светско првенство (1) : 1994, вицешампион 1998
- Куп на Конфедерации (1) : 1997
- Летни олимписки игри : 1996 - Бронзен медал
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статистика на играчот на FIFA.com Архивирано на 19 октомври 2012 г.