Алф Ландон
Алф Ландон | ||
Роден | Алфред Мосман Ландон 9 септември 1887 Западен Мидлсекс, Пенсилванија, САД | |
---|---|---|
Починал | 12 октомври 1987 Топека, Канзас, САД | (возр. 100)
Алфред Мосман Ландон (9 септември 1887 — 12 октомври 1987) — американски политичар од Републиканската партија. Бил дваесет и шести гувернер на Канзас од 1933 до 1937 година. Бил кандидат на Републиканската Партија на претседателските избори во 1936 година, но бил поразен со убедлива разлика од страна на актуелниот претседател Франклин Д. Рузвелт.
Ран живот и образование
[уреди | уреди извор]Ландон е роден во 1887 година во Западен Мидлсекс, Пенсилванија, како син на Ана (Мосман) и Џон Мануел Ландон. Ландон израснал во Мариета, Охајо. Се преселиле со своето семејство во Канзас на возраст од 17 години и дипломирал на Универзитетот во Канзас, во 1908 година. Алфред прво се стремел кон кариера во банкарството, но во 1912 година тој станал независен производител на нафта во Канзас. За време на Првата светска војна, Ландон служел во војската како прв поручник во хемиска војна.