Ангелко Крстиќ
Изглед
Ангелко Крстиќ | ||
Роден | 1 ноември 1871 Лабуништа, Османлиско царство | |
---|---|---|
Починал | 6 мај 1952 Лабуништа, Југославија | (возр. 80)|
Занимање | писател |
Ангелко Крстиќ (1 ноември 1871 во Лабуништа, Струшко — 6 мај 1952 во Лабуништа) — македонски поет, раскажувач, романописец и драмски автор.
Биографија
[уреди | уреди извор]Ја завршил Подготвителната учителска школа во Белград во 1889 година. Од 1890 година учителствувал во селата на планината Јабланица.
Првиот литературен прилог го објавил во „Цариградски весник“ под псевдонимот „Дримколец“ во 1904 година. За романот „Трајан“ во 1934 година ја добива наградата на Академијата на седумте уметности во Белград за најдобар српски роман. Во 1940-1941 година е директор на скопскиот дневен весник „Глас југа“.[1]
Ангелко Крстиќ пишувал на српски јазик.[2]
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]- „Раскази“ (прва книга, Белград, 1932)
- „Трајан“ (роман, Скопје, 1932)[3]
- „Заточеници“ (драма, 1937) - премиерно изведена во Скопското народно позориште на 12 септември 1937 година
- „Раскази“ (втора книга, Белград, 1951)
Наводи
[уреди | уреди извор]
|