Антигон II Гонат
Антигон | |
---|---|
Монета со ликот на Антигон Гонат | |
Крал на Македонија | |
На престол | 277 - 274 п.н.е. (првпат) |
Претходник | Состен |
Наследник | Пир Епирски |
На престол | 272 - 239 п.н.е. (вторпат) |
Претходник | Пир Епирски |
Наследник | Деметриј II |
Роден(а) | ~ 319 п.н.е. |
Починал(а) | 239 п.н.е. |
Сопружник | Фила (ќерка на Селевк) |
Деца | Деметриј II |
Династија | Антигониди |
Татко | Деметриј I |
Мајка | Фила (ќерка на Антипатар) |
Антигон II Гонат (320-239 п.н.е.)[1] — крал на Македонија од династијата Антигониди, кој владеел од 277/6 г.п.н.е. до 239 г.п.н.е. Син на Деметриј I Полиоркет и Фила (ќерката на Антипатар II). Се прочул по своите успеси во изгонувањето на Галите кои извршиле инвазија врз Балканот.[2][3]
Значењето на неговиот прекар Гонат, останува сè уште непознато.[1]
Наследување на престолот
[уреди | уреди извор]Се прогласил себеси за крал веднаш по смртта на татко му (283 г.п.н.е.), а на македонскиот престол се искачил во 276 г.п.н.е. по блескавата победа над Келтите кај Лисимахеја. Неговото устоличување во Македонија го означило почетокот на новата династија Антигониди. Антигон, бил добар војсководец, вешт дипломат и многу популарен кај Македонците. Водел успешна надворешна политика. Војувал против епирскиот крал Пир (274 п.н.е.-272 п.н.е.), а по смртта на Пир (272 п.н.е.) ја проширил македонската власт до Коринт.[2][3]
Хремонидска војна (267 п.н.е. -262/1 п.н.е.)
[уреди | уреди извор]Војната е испровоцирана од Хелените, поточно од атинскиот владетел Хремонид (според него е и наречена војната). Хремонид потикнат од спартанците решил да се спротивстави на македонската доминација врз Хеленските градови-држави. Па така во 267 п.н.е. Спарта и Атина и објавуваат војна на Македонија.
Македонскиот крал Антигон Гонат испровоциран, возвратил со тоа што со својата војска стигна до Мегара разурнувајќи го храмот на Посејдон до земја. Така бидејќи Антигоновата моќ растела, диадохот и неговиот египетски соперник Птоломеј Филаделф сакал сопствена доминација на Егејот со што решил да им помогне на Хелените и испратил флота на Егејот. Египетската војска се утврдила кај Лавриум (Јужна Атика).
Но, Антигон изненадно ја опсадил Атина и ја држел под опсада дури и кога Александар Епирски ја нападнал Македонија, а исто и спартанците се обиделе да го победат Антигон, но губат при што загинува и спартанскиот крал. По долго време Антигон ја освојува Атина со што Хремонид пребегува во Египет.
Иаку повеќе држави се бореле против Македонците, успешно победиле по што Хелените уште еднаш биле посрамени од Македонците (дури и поубедливо од Битката кај Херонеја). Хеленскиот историчар Полибиј за војната напишал Никој човек досега не поставил толкава хегемонија врз Хелените како Антигон (македонскиот крал).
Со победата во оваа војна, Атина била принудена на капитулација и била ставена под владение на Македонија и Македонците.[2][3]
Во сојуз со Антиох II војувал против египетскиот крал Птолемеј II (261 п.н.е. - 255 п.н.е.). Во оглемата поморска битка кај островот Кос (255 п.н.е.) ја победил египетската флота и остварил превласт во Егејското Море. Сојузот го подржал и со склучување на брак помеѓу неговиот син Деметриј и ќерката на Антиох II, Стратоника. Војувал и против Ахајската лига, која настојувала да ги истисне Македонците од јужните делови на Балканскиот Полуостров. Во Македонија се чини дека Антигон имал за цел да ја врати дворската традиција на Филип Втори.[1] Бил љубител на философијата и книжевноста.[2] Па, поради тоа доаѓа до чести посети на Пела од историчари, поети и филозофи. Поголемите градови на кралството - Амфиполис, Пела, Касандреја и Солун - охрабрени од стабилните услови, се здобија со ограничени права на самоуправа, кои беа широко признати пред смртта на Антигон. Антигон исто така помогнал во воспоставувањето на неговата династија со регулирање на сукцесијата.[1]
Неговиот наследник - Деметриј II
[уреди | уреди извор]Неговиот син Деметриј (идниот крал Деметриј II) играше голема улога, од 260-тите години и во воени и во граѓански капацитети. Некои историчари дури сметаат дека тој ја користел кралската титула во последните години на Антигон. Долгиот период на владеење на Антигон (37 години) и претпазливите политики обезбедија очајно потребна консолидација за Македонија. Карактеристично за неговата подоцнежна репутација е неговиот пријавен коментар, дури и ако не е автентичен, дека кралството е чесна службеност.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Antigonus Gonatas“. Oxford Reference (англиски). doi:10.1093/oi/authority.20110803095416919.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 33. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 25. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Претходник: Деметриј I Опсадникот |
Крал на Македонија 277–239 п.н.е. |
Наследник: Деметриј II |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |
|