Антоан Бело
Антоан Бело | |
---|---|
Роден/а | 25 март 1970 Бостон |
Занимање | романописец |
Националност | Французин, Американец |
Период | 1996-денес |
Значајни дела | „Falsificateurs“ |
Значајни награди | Prix France Culture - Télérama |
мрежно место | |
antoinebello.com |
Антоан Бело (француски: Antoine Bello, роден на 25 март 1970 во Бостон) — француско-американски писател. Пишува на француски јазик и неговите книги се преведени на околу десет јазици..
Првата книга на Бело „Les Funambules“ претставува зборник со кратки раскази, објавен во 1996 година. По неа Бело објавил седум романи, од кои само еден во англиски превод под насловот „The Missing Piece“.
Главното уметничко дело на писателот е познато како трилогијата „Falsificateurs“ („Фалсификатори“). Делото се врти околу тајна меѓународна организација. Првиот дел од трилогијата „Les Falsificateurs“ била објавена во 2007 година. Вториот дел „Les Éclaireurs“ бил објавен во 2009 година и награден со престижната награда за литература „France Culture / Télérama“. Третиот дел, „Les Producteurs“ бил издаден во 2015 година.
Во септември 2015 година Антоан Бело објавил дека обезбедува годишни приходи од авторски права како донација на Фондација Викимедија. Причината е дека Бело редовно ја користи Википедија, додека прави истражувањата за книги, и дека со донацијата од 50.000 долари тој „само ја враќа услугата, бидејќи Википедија го восхитува секој пат кога бара во неа информации“. Ова е прва донација на приходи од авторски права, што еден уметник ја има направено за Викимедија.
Дела
[уреди | уреди извор]- Les Funambules, 1996.
- Éloge de la pièce manquante, 1998.
- Les Falsificateurs, 2007.
- Les Éclaireurs, 2009.
- Enquête sur la disparition d'Émilie Brunet, 2010.
- Mateo, 2013.
- Roman américain, 2014.
- Les Producteurs, 2015.
- Ada, 2016.