Прејди на содржината

Апостоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дванаесетте апостоли во фреската на Леонардо да ВинчиТајната вечера

Апостоли (еднина: апостол, старогрчки: ἀπόστολος = „гласник, проповедник“)[1][2] — најблиските ученици и следбеници на Исус Христос што го проповедале Евангелието.[3]

Во потесна смисла, изразот „апостол“ се однесува на дванаесетте непосредни Христови ученици (Мт. 10:2–4; Лк. 6:13–15); во поширока смисла — и на 70-те најблиски соработници на неговата Црква, избрани од него (Лк. 10:1–2), наречени и „седумдесетте апостоли“.[4]

Било нагласено и дека Павле бил избран за апостол по Вознесението на Исус Христос (Дела 22:11; Рим. 11:13).

Дванаесетте апостоли

[уреди | уреди извор]

Дванаесетте апостоли се дванаесетте непосредни Христови ученициПетар, Андреј Првоповиканиот, Јаков Зевдеев, Јован Богослов, Филип, Вартоломеј, Тома, Матеј, Јаков Алфеев, Јуда Тадеј, Симон Кананецот, Јуда Искариот (Мт. 10:2–4). Откако Јуда отпаднал, Матиј бил избран за еден од дванаесетте апостоли (Дела 1:23–26).

  1. „апостол“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „апостол“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. "Apostle", Britannica.com“. Архивирано од изворникот на 3 June 2020. Посетено на 24 May 2020.
  4. „Synaxis of the Seventy Apostles“. www.oca.org. The Orthodox Church in America. Посетено на 22 April 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]