Прејди на содржината

Базиликата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон Саси ди Матера

Базиликата (италијански: Basilicata) — една од дваесетте покраини на Италија. Се наоѓа во нејзиниот јужен дел. Главен град е Потенца, а втор по големина и важност е градот Матера. Покраината Базиликата е позната како една од најмалите покраини во државата. Исто и по бројот на население, по густината на население, по нивото на развиеност итн.

Знаме на Базиликата

Географска положба

[уреди | уреди извор]

Базиликата е јужна покраина на Италија, сместена на Апенински Полуостров. На исток се наоѓа Јонско Море, а на југозапад Тиренско Море.

Од другите страни се граничи со следните италијански покраини:

Природни одлики

[уреди | уреди извор]

Површината на покраината изнесува 9.992 км2 и според ова Базиликата е една од помалите италијански покраини.

Базиликата е сместена на југот на Апенинскиот Полуостров и се простира помеѓу Јонско Море на исток и Тиренско Море на запад. Површината е претежно висока. Сосем малку рамничарски предели се простираат долж источниот брег, на Јонско Море. Излегувањето на брегот е долг, но слабо разграден и без природни пристаништа. Брегот постепено преминува во бреговито и ридско подрачје во средниот дел на покраината, кој зазема 45% од површината. Тоа е испресечено со длабоки речни долини во вид на клисури. Ридското подрачје постепено кон западниот дел на Базиликата преминува во високопланинско подрачје под име Лукански Апенини (47% од површината). Највисок врв во покраината е Монте Полино (2271 m). На крајниот запад се наоѓа тесен излез на Тиренско Море. Познат е и згаснатиот вулкан Монте Вултуре во северозападниот дел на покраината.

Климата во приморскиот дел на Базиликата е средоземна. Како се влегува во копното и се оди на повисока надморска висина, преминува во континентална. Во повисоките краишта климата е поостра, односно планинска.

Покраината Базиликата со поголемиот дел е во сливот на Јонско Море, на кое излегува прегу долг брег. Поголемиот број на реки се со краток водотек и со длабоки долини во вид на клисури. Тие се спуштаат од Апенините кон морето. Иако ниедна река не е значајна во државни рамки, на ниво на покраината познати реки се: Агри, Базенто и Брадано. Сосем мал дел од покраината на крајниот припаѓа на сливот на Тиренско Море и во него течат неколку помали потоци.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во предримското време оваа област се викала Луканија и со неа се управувало заедно со Брутиум. Името „Луканија“ дошло од народот Луканци, кои околу 5 век п.н.е. извршиле населување на тоа подрачје, протерувајќи ги староседелците во внатрешноста. Бреговите на двете страни на Луканија биле дел од Голема Грција почнувајќи од 7 век п.н.е..

Луканците биле во битка со грчката колонија Таранта. Направиле сојуз со Рим во 298 п.н.е.. Меѓутоа, подоцна страдале поради погрешно избрана страна во војните, кои Рим ги водеше во тоа подрачје.

Население

[уреди | уреди извор]

Денес Базиликата има околу 590.000 жители и според тоа е една од најмалите покраини во Италија. Меѓутоа, тоа е 15% повеќе од пред еден век, а на неколкуте последни пописи бројот се намалувал.

Густината е нешто околу 59 ж./км2, што е трипати помалку од државниот просек (200 ж./км2). Целокупниот простор во регионот е слабо населен.

Етничката слика во покраината доминира со италијанското население. Доселениците ги има многу малку, околу 1,5%, во склад со неразвиеноста на покраиината. Тоа се главно доселеници од Источна Европа.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]