Прејди на содржината

Батиметрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Батиметријата на Земјата. Податоците се од Националниот геофизички центар на податоци.

Батиметрија — проучувањето на подводните длабочини на езерското или океанското дно. Со други зборови кажано, батиметријата е подводно опишување слично на хипсометрија или топографија. Името потекнува од (грчки βαθύς (бати), „длабочина",[1] и μέτρον (метрон), „мерка").[2] Батиметриските (или хидрографските) карти се употребуваат за зголемување на безбедноста на надводнато и подводното наведување, и најчесто го прикажуваат релјефот на дното или теренот како изолинии (наречени длабински контури или изобати) и избраните длабочини, кои обезбедуваат информации за наведување. Батиметриските карти можат да користат итн. дигитален теренски модел и вештачки светлосни техники за да се прикажат соодветните длабочини. Палеобатиметрија е наука која се занимава со проучување на длабочините под океаните во далечното минато.

Првата испечатена карта на океанска батиметрија, добиена со податоци од американскиот брод Делфин датира од 1836 година.

Првично, батиметријата вклучувала и мерење на океанската длабочина со користење на сонар. Раните техники користеле претходно измерено јаже или кабел кое се спуштало од страните на бродот. Со оваа техника се мерела длабочината на само една точка во еден мерен период, поради што е неефикасен начин за мерење. Исто така на резултатите влијае движењето на бродот и струите кои го придвижуваат јажето, па мерењата се неточни.

Податоците користени за да се добијат батиметриски карти се добиени со ехолокатор (сонар) прикачен под или странично на бродот, „испуштајќи" звучен сноп кон морското дно или пак со употреба на системите ЛИДАР или ЛАДАР.[3] Потребното време звукот или светлината да пропатува низ водата, да се одбие од дното, и да се врати до апаратот при што се отчитува измерената длабочина. Мерењата со ЛИДАР/ЛАДАР најчесто се изведуваат авионски.

Морското дно топографија во близина на Порториканскиот Ров

Во почетокот на триесеттите години на XX век, за исцртување на батиметриските карти се користеа апарати кои испуштаа единичен сноп на звук. Денес во употреба се повеќеснопни сонари, кои користат и до стотина многу блиски звучни бранови наредени во облик на вентилатор. Вака подредените звучни снопови обезбедуваат мошне висока аголна резолуција и прецизност. На овој начин се овозможува бродот да го заврши мерењето за доста покусо време отколку кога би се користеле единични снопови на звук. Резултатите од сноповите звук се добиваат неколкупати во секунда (најчесто 0,1-50 Hz во зависност од длабочината), со што се овозможува 100% покриеност на морското дно. Сензорите на самиот брод вршат исправки на движењето на бродот по океанската површина, и жирокомпас со кој се определува точната насока на движењето на праменот на бродот.

Употребата на сателити е вообичаен метод за мерење при батиметријата. Радарските длабочински топографски карти добиени од сателитите се добиваат на тој начин што се мерат малите промени на морското ниво предизвикани од гравитациското привлекување на подводните планини, бразди и други масивни тела. Во просек морското ниво е повисоко над планини, за разлика од нивото на морето над браздите.[4]

Занимањата и кариерите поврзани со батиметријата бараат познавања на океаните, карпите и минералите на морското дно, и проучување на подводните земјотреси и вулкани. Мерењето и анализата на батиметриските мерења е едно од најзначајните подрачја на модерната хидрографија и основен дел на безбедниот транспорт на стоки низ целиот свет.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. βαθύς, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, on Perseus
  2. μέτρον, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, on Perseus
  3. Olsen, R. C. (2007), Remote Sensing from Air and Space, SPIE, ISBN 978-0-8194-6235-0
  4. Thurman, H. V. (1997), Introductory Oceanography, New Jersey, USA: Prentice Hall College, ISBN 0-13-262072-3

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]