Прејди на содржината

Бедија Беговска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бедија Беговска
Родена 22 јануари 1951(1951-01-22)(73 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Народност Турчинка
Позната по улогите во:
Преку езерото
Збогум Румелија
Трето полувреме
Преспав
Горчлива цреша
Занимање глумица

Бедија Беговска (р. 22 јануари 1951 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Од 1971 година, таа работела во Театарот на народностите - Скопје (сега го носи називот Турски театар - Скопје). Пишувала драмски текстови за деца.[1]

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Беговска ги остварила филмските улоги:[2]

Година Филм Улога
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1979 Курирот на Гоце ТВ-серија Усева
1982 Илинден ТВ-серија
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1987 Трст виа Скопје ТВ-серија
1993 Македонска сага ТВ-филм Мајката на Џемиле
1993 Македонски народни приказни ТВ-серија
1997 Преку езерото ТВ-филм Лефтелија
2002 Наше маало ТВ-серија Продавачката на цвеќе
2005 Контакт ТВ-филм Мајката на Жана
2006 Мост ТВ-филм Темјана
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Бедија Ханим
2010-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија Свекрвата
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Сузан
2012 Трето полувреме ТВ-филм Ребека
2015 Лимоната ТВ-филм Мајката на Сакир
2015 Мутлу оп Јетер ТВ-серија Рона
2017 На терапија ТВ-серија др. Вера Арсич
2018 Преспав ТВ-серија Хелга
2020 Горчлива цреша ТВ-филм Мајката
2020 Те дуа, жими мене ТВ-филм Јаска
2021-2024 Преспав ТВ-серија Хелга
2022-2023 Балканска приказна ТВ-серија Нина
  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Круша во „Кавкаски круг со креда“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1989)
  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Серап во „Стари фотографии“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1992)
  • Награда за најдобра женска улога за улогата ликот Ќосем Султан во „Лудиот Ибрахим“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1999)
  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Ќосем Султан во „Лудиот Ибрахим“, доделена од страна на МЕС Сараево (2000)
  • Награда „11 Октомври“ (2021)
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2022)
  • Орден за заслуги за Македонија (2024)[3]
  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 138. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. „Bedija Begovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.
  3. „Орден за заслуги за Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски“. Посетено на 30 јануари 2024. од Вечер