Прејди на содржината

Бил Расел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бил Расел во февруари 2011
Бил Расел
Медали
Натпреварувач за  САД
Машка Кошарка
Златен медал - прво место Мелбурн 1956
Во 1972, Селтикси го пензионираја неговиот број „6“.

Вилијам Фентон „Бил“ Расел (роден на 12 февруари 1934 година во Монро, Луизијана САД) — бивш американски кошаркар, кој играше во НБА лигата од 1956 до 1969, за тимот на Бостон Селтикс. Тој е висок 206 cm, и играше на позицијата центар, и се смета за еден од најдобрите 2-3 центри во историјата на кошарката. Во својата кариера, тој беше прогласен за МВП, и во своите 13 сезони, освои 11 титули, најмногу од сите играчи. Тој влезе во „Куќата на славните на НБА“ во 1975. Негов најголем соперник беше Вилт Чембрлен од Филаделфија Севентисиксерс и подоцна од ЛА Лејкерс и често влегуваа во епски двобои, постигнувајки по педесетина бодови и по дури четириесетина скокови. Бил ги губеше овие статистички битки, но секогаш беше повеќе тимски играч од Вилт, и затоа освои многу повеќе од двете титули на Вилт.[1]

  1. „The Finals MVP to Receive Bill Russell MVP Award“. NBA.com. 2009-02-14. Посетено на 2009-02-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]