Богородица Себлагословена
Манастир Богородица Памакаристос Fethiye Camii Μονή Παμμακάριστου | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°01′45″N 28°56′47″E / 41.02917° СГШ; 28.94639° ИГД |
Припадност | христијанство, Ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква, џамија, музеј |
Манастирот Богородица Себлагословена или Памакаристос (грчки: Μονή Παναγίας Παμμακάριστου, турски: Fethiye Camii) е муслимански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил изграден како црква во времето на Андроник II Палеолог. Од 1456 до 1587 година бил седиште на Вселенската Патриjаршија, каде во 1591 година била претворена во џамија.
Денешниот музеј се наоѓа во реонот на Фатих, односно во внатрешноста на стариот град Цариград.
Историја
[уреди | уреди извор]Според некои истражувачи, црквата била изградена во текот на 11 или 12 век. Исто така, многу историчари веруваат дека таа била изградена во времето на византискиот цар Михаил VII Дука (1071-1078), додека пак други веруваат дека тоа се случило во времето на династијата Комнини[1]. Исто така швајцарскиот научник Ернест Мемвери смета дека првата градба била започната уште од 8 век[2].
Капелата која се наоѓала на јужниот дел од црквата била изградена во времето на Палеолозите и црквата била посветена на Христос Логос.
По падот на Цариград, седиштето на Вселенската патријаршија се префрлило во оваа црква, откако црквата на Светите Апостоли била разрушена. Како седиште на Вселенскиот патријарх црквата останала до 1587 година кога била претворена во џамија во времето на Мурат III, по повод освојувањето на Грузија и Азербејџан.
Комплексот бил напуштен по крајот на Отоманското Царство. Во 1949 година бил обновен и претворен во музеј[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|
|