Прејди на содржината

Боро Ацевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боро Ацевски
Роден Боро Ацевски
14 септември 1914(1914-09-14)
Скопје, Кралство Југославија
Починал 28 април 1959(1959-04-28) (возр. 44)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање сликар-иконограф

Боро Ацевски-Пашата (14 септември 1914 во Скопје28 април 1959 во Скопје) — македонски сликар и иконограф. Сликарство учел кај Димитрија Папрадишки.[1]

Покрај со сликарство, учел и соло-пеење кај С. Зикова и П. Холотков.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

На почетокот на Втората светска војна (1941) се приклучил кон народноослободителната борба. Во 1943 година како партизан бил еден од основачите на КУД „Кочо Рацин“ во селото Горно Врановци.[1]

Ацевски бил член на Операта и Балетот на Македонскиот народен театар (1948-1951), каде што исполнувал помали тенорски улоги.[1] Имал своја улога и во првата македонска опера Гоце.[2]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ацевска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 106. Text "series " ignored (help)
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 384. ISBN 978-608-203-023-4.