Васил Дрвошанов
Васил Дрвошанов — македонски поет и научен работник[1] и политичар/[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Васил Дрвошанов е јазичар, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во пензија.
Дрвошанов бил виш научен соработник и директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер” (2002–2004); уредник или соуредник на десетина зборници научни трудови и др.
Со свои прилози тој има учествувано на осумдесет и пет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи над четиристотини библиографски позиции.
Творештво
[уреди | уреди извор]Автор е на трудовите: „Фолклорни дијалектни текстови од Кајларско“ (1992), Прилепскиот говор од Круме Кепески (1993), Кајларскиот говор (1993), Ономастикон – речник на лични имиња. Прво издание (1994), Ономастикон – речник на лични имиња. Второ издание (1995), Автори и дела, I (2001), Дијалектолошки студии (2001), Творештвото на Стојан Ристески I (2002), Анатомската лексика за човекот во македонските говори (2005), Жени-творци во лингвистиката (2008), Лингвистичките дела на Олга Иванова (2010), Сведоци на времето (2010), Кон роднинската терминологија на горанскиот говор (2013), Книжевни написи (2014), Македонистички студии за Егејот (2014), Автори и дела, II (2015), Автори и дела, III (2016), Спевот Јаска на Методија Ст. Тошевски (2016), Автори и дела, IV (2017), Автори и дела, V (2018), Автори и дела, VI (2019), Битолскиот говор од Воислав Илиќ (2020), Јазичен мозаик (2020), Дијалектолошки анализи (2021), Автори и дела, VII (2021), Творештвото на Стојан Ристески, II (2022), Дијалектологот Конески (2023), Автори и дела, VIII (2024) и Лингвистичките дела на Олга Иванова. Второ /изменето и дополнето/ издание. (2024).
Соавтор е на трудовите: Толковен речник на македонскиот јазик, I (2003), Македонски дијалектен атлас: пролегомена (2008), Правопис на македонскиот јазик (2015) и Правопис на македонскиот јазик. Второ издание (2017).
Васил Дрвошанов е автор и на поетските збирки: Ронки (1986), Мониста (1995), Постапалка (1998), Дожд (2001), Pâine şi apă (2003, избор поезија во препев на романски јазик), Рој (2008), Shiu (2012, препев на збирката Дожд на албански јазик), Јава и сон (2015,избор поезија), Семе (2016) и Гласје (2021).
Награди
[уреди | уреди извор]Добитник е на Наградата „13 Ноември“ што ја доделува Собранието на град Скопје од областа на науката за самостојниот труд Кајларскиот говор (1993), на Плакета од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод 50-годишнината од сопственото постоење за значаен придонес во истражувањата од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003) и на Наградата „Гоце Делчев“ како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката за колективниот труд Толковен речник на македонскиот јазик, I–VI (2015) и на Годишната награда „Ѓорче Петров 2021“ како општествено признание за особени остварувања и посебен придонес на македонската дијалектологија, науката за јазикот и во афирмирањето на општина Ѓорче Петров во земјата и во светот за самостојниот труд Дијалектолошки анализи (2021).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Проект Растко Македонија: Васил Дрвошанов : Рој“. makedonija.rastko.net. Посетено на 2018-12-21.
- ↑ „27 години министри, заменици и државни секретари во Македонија“. Politicki.MK. 2018-01-02. Архивирано од изворникот на 2019-03-13. Посетено на 2018-12-21.