Вила
Вилата е земјоделска алатка со долга рачка и долги тенки широко одвоени шилци која се користи за подигање и собирање на растресит материјал, како сено, лисја, грозје, шталски измет и друг земјоделски материјал. Вообичаено вилата има два или три шилци, но во зависност од намената вилата можно е да има до 10 шилци со различна должина и растојание помеѓу нив. Најчесто вилата е направена од челик со долга дрвена рачка, но можно е шилците да бидат од дрво, бамбус, ковано железо, или некоја друга легура.
Градинарската вила е алатка со рачка и неколку, најчесто четири шилци. Се користи за собирање, подигање и превртување на земја во градинарството. Се користи на сличен начин како ашовот, но во многу случаи е попогодна од него: шилците полесно се забиваат во земја, ги одминуваат камењата и ги кршат грутките. Градинарската вила порано била правена од дрво но во поново време од не’рѓосувачки челик.
Градинарската вила е малку поразлична од фармерската вила, која се користи за преместување на материјал како што е сено, компост или шталско ѓубриво. Градинарската вила има значително пократка рачка, најчесто дрвена со "D" или "T" завршеток. Нејзините шилци се пократки, подебели и понаблизу едни до други распоредени.
-
Вила за собирање компост.
-
Градинарска вила.
-
Товарење на сено со вила.