Синозелената боја (или цијан, од грчки: κυανoῦς) е назив за секоја боја во опсегот помеѓу сината и зелената. Во минатото не се сметала за посебна боја од видливиот спектар - боите што денес се нарекуваат синозелени се сметале за сини или делумно зелени и немале свое име бидејќи важеле за мешавини. Во системот на адитивни бои, поимот синозелена (цијан) се однесува на бојата што се добива при мешање на подднакво количество на сина и зелена светлина. Се добива и со отстранување на црвената од белата светлина, што значи дека е комплементарна на црвената: синозелените пигменти ја впиваат црвената светлина. Присутна е во бојните системи RGB и CMYK.
1: Нормализирано на [0–255] 2: Нормализирано на [0–100]
Силната синозелена бојна што се гледа на електронскитеприказни уреди се нарекува и „електрична синозелена“ за да се разликува од потемната тиркизна како печатарската синозелена (process cyan) согласно CMYK што се користи во печатењето во боја.
Семрежната боја „вода (аква)“ е синоним за електричната синозелена.
Чистата вода е речиси безбојна, меѓутоа прима малку повеќе црвена отколку сина светлина, што и ја дава синкавата нијанса при достатно голема количина. Ситните честички во водата го зголемуваат распрснувањето на сината светлина и таа се поместува малку кон зелената.[3]
цијанидот го добил името од синиот пруски пигмент што се содржи во неговиот јон.