Прејди на содржината

Вулингјуен

Координати: 29°20′N 110°30′E / 29.333° СГШ; 110.500° ИГД / 29.333; 110.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вулингјуен
светско наследство на УНЕСКО
Песочните столбови во Вулингјуен се издигаат стотици метри од тлото
Службен називПриродно и историско подрачје Вулингјуен
Wulingyuan Scenic and Historic Interest Area
МестоОкруг Вулингјуен, Џангџјиаџјие, Хунан, Кина
Критериумприродно: (vii)
Навод640
Запис1992 (XVI заседание)
Површина26.400 ха
Координати29°20′N 110°30′E / 29.333° СГШ; 110.500° ИГД / 29.333; 110.500

Вулингјуен (кинески 武陵源) — живописна и историска област во округот Вулингјуен, југосредишна кинеска покраина Хунан. Во 1992 година, бил впишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО.[1] Повеќе од 3.000 кули и врвови од кварцитен песочник се во областа, високи над 200 метри, заедно со многу дервени и клисури со привлечни потоци, езера, реки и водопади. Тука се наоѓаат 40 пештери, многу со големи наслаги на калцит и два природни моста, Шјанреншјиао (Мост на Бесмртните) и Тианчјиашенгконг (Мост над Небото), еден од највисоките природни мостови на светот.

Областа лежи помеѓу 29°16′0″N 110°22′0″E / 29.26667° СГШ; 110.36667° ИГД / 29.26667; 110.36667 29°24′0″N 110°41′0″E / 29.40000° СГШ; 110.68333° ИГД / 29.40000; 110.68333 во местото Џангџјиаџјие и околу 270 километри северозападно од Чангша, главниот град на покраината Хунан. Паркот зафаќа површина од 690 квадратни километри. Вулингјуен е дел од планинскиот венец Вулинг. Природната област се состои од четири национални паркови, Народен шумски парк Џангџјиаџјие, природен резерват долина Суоши, природен резерват Тианџи и неодамна додаденото подрачје Јангџјаџје. Има повеќе од 560 знаменитости што треба да се видат.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Wulingyuan Scenic and Historic Interest Area“. Unesco World Heritage Centre. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 16 December 2013.
  2. „Wulingyuan Scenic and Historic Area“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]