Галактичка астрономија
Галактичка астрономија — изучувањето на Млечниот Пат и сета негова содржина. Се разликува од вонгалактичката астрономија, која изучува сè вон нашата галаксија, вклучувајќи други галаксии.
Оваа дисциплина не се занимава со настанок и развој на галаксиите, каде општо се изучуваат галаксиите, нивниот настанок, структура, составни делови, динамика, замодејства и облици.
Млечниот Пат како наша домашна галаксија е најдобро проучената галаксија, иако важен дел од неа е скриен на видливи бранови должини од подрачја со вселенска прашина. Развојот на радиоастрономијата, инфрацрвената и подмилиметарската астрономија во XX век им овозможил на астрономите да добијат претстава за тоа каде сè се распоредени правот и гаоот во Млечниот Пат.
Полиња од интерес
[уреди | уреди извор]Постојат разни теми во галактичката астрономија кои ја делат на разни полиња на истражување:[1]
- застапеност на хемиските елементи потешки од хелиумот
- испакнатината околу средиштето на Млечниот Пат
- средиштето на Млечниот Пат
- дискот на Млечниот Пат (рамнината на која лежат највеќето галактички тела)
- развојот на Млечниот Пат
- настанокот на Млечниот Пат
- основните параметри на Млечниот Пат (маса, големина итн.)
- збиените јата во Млечниот Пат
- големиот ореол околу Млечниот Пат
- кинематиката и динамиката — движењата на ѕвездите и ѕвездените јата
- јадро — подрачјето околу црната дупка во средиштето на Млечниот Пат (Стрелец A*)
- расеаните јата и здруженијата
- сончевото соседство
- ѕвездената содржина — бројот и видовите на ѕвезди во Млечниот Пат
- структурата на Млечниот Пат (спирални краци итн.)
Ѕвездени населенија
[уреди | уреди извор]Меѓувездена средина
[уреди | уреди извор]- Меѓупланетарен простор — Меѓупланетарна средина — Меѓупланетарна прашина
- Меѓуѕвезден простор — Меѓуѕвездена средина — Меѓуѕвездена прашина
- Меѓугалактички простор — Меѓугалактички простор — Меѓугалактичка прашина
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Galactic Astronomy - Subcategories | The English knowledge database“. science-train.com (англиски). Архивирано од изворникот на 22 декември 2017. Посетено на 20 декември 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Галактичка астрономија на Ризницата ?
- Галактичка и екстрагалактичка астрономија — наставен предмет на Институтот за физика при ПМФ, Скопје (македонски)
- Распределеност на водородниот гас во Млечиот Нат (англиски)
- Распределеност на прашината во средиштето на Млечниот Пат Архивирано на 1 јули 2019 г. (англиски)
|
|