Прејди на содржината

Даглас Хејг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даглас Хејг
Роден(а)19 јуни 1861(1861-06-19)
Единбург
Починал(а)29 јануари 1928(1928-01-29) (возр. 66)
Лондон
Познат(а) побритански офицер во Прва светска војна

Даглас Хејг бил британски офицер и фелдмаршал. Во Првата светска војна од 1915 година бил командант на британските сили во Франција на Западен фронт.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Хејг е роден на 19 јуни 1861 година во Единбург, образованието го стекнал на Оксфорд на колеџ во Сандхурст. Бил командант на воени сили во Индија, поради истакнување и воената умешност бил назначен за командант на БЕФ – Британска експедиција во Франција и Белгија во време кога започнала Првата светска војна. Подоцна бил унапреден во чин генерал и добил командна позиција во БЕФ под водство на генерал Френч. По големите порази во 1915 година кај Лос ен Гошел довеле до сомнеж во водство на генералот Френч па Хејг бил поставен за главниот командант на БЕФ. Неговото командување било изложено на големи критики од страна на премиерот Дејвид Лојд Џорџ.[2] Во 1919 година се здобил со новосоздадената грофовска титула. Починал на 28 јануари 1928 година.

  1. Harris, J. P. (2008). Douglas Haig and the First World War. London: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-89802-7
  2. Keegan, John (1999). The First World War. London: Pimlico. ISBN 978-0712666459