Прејди на содржината

Дезинсекција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Начин на вршење на дезинсекција

Дезинсекција претставува збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите.[1] Инсектите го заземаат првото место во ширењето на заразните болести.[1] Некои од нив се живи преносители на болестите додека други се пренесуваат преку храната.[1]

Основни мерки во борба со инсектите

[уреди | уреди извор]

Да се спречи нивно навлегување и размножување во просториите.[1] Дезисекцијата може да биде:

  • механичка;
  • физичка;
  • хемиска.[1]

Механичка дезинсекција

[уреди | уреди извор]

Под механичка дезинсекција се подразбира поставување на заштитни мрежи на вратите и прозорците, употреба на заштитна облека.И чистењето на просториите претставува механичка дезинсекција.[1]

Хемиска дезинсекција

[уреди | уреди извор]

Хемиската дезинсекција е уништување на инсектите со помош на некои хемикали или хемиски супстанции. Средствата кои се користат против инсектите се викаат инсектициди кои можат да бидат во цврста, течна или гасовита состојба.[1]

Видови инсектициди

[уреди | уреди извор]

Како што имаме различен вид на дезинсекција, така имаме и различни видови на инсектициди, поделени во три групи

  1. Цревни (се внесуваат преку загадена храна)
  2. Респираторни (се внесуваат преку дишните органи)
  3. Контактни (се пренесуваат преку контакт со инсектите преку кожата)

Инсектицидите се добиваат по природен и синтетички пат.Но, поголема примена во секојдневниот живот имаат синтетичките инсектициди. За да биде успешна една дезинсекција треба да се одбере соодветен начин и соодветни хемиски средства за дезинфекција.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Дезинсекција“. Архивирано од изворникот на 2013-11-08. Посетено на 2013-11-22.