Департмани во Франција
Департманите во Франција (француски: département) и многу поранешни колонии се крупни административни единици. Во склоп на Република Франција постои 101 департман, групирани во 13 региони во Франција и 5 региони во прекуморски територии, и сите имаат сосем ист правен статус како делови од Франција. Департманите се поделени на 332 окрузи, кои пак се делат на кантони. Секој кантон се состои од неколку општини општини. Во прекуморските територии, некои општини играат улога на департмани.
Општи особености
[уреди | уреди извор]Административниот центар на департманот се нарекува префектура (préfecture или chef-lieu de department) и обично е некој поважен град некаде во средиштето на департманот. Ова потекнува од времето кога било кое место највеќе за едно деноноќие (24 часа). Префектурата не мора да е најголемиот град во департманот. Потоа департманите се делат на еден или повеќе окрузи. Седиштето на округот се нарекува потпрефектура (sous-préfecture или chef-lieu d'arrondissement).
Секој департман има свој управен орган — генерален совет (conseil général).[1] Ова е собрание со пратеници избрани со општи избори на мандат од 6 години , со тоа што претседателот на советот е извршен функционер на департманот, т.е. префект. Префектот има свои помошници — потпрефекти (sous-préfet) зависно од потпрефектурите во департманот.
Департманите понатаму се делат и на општини под управа на општински совет. Во 1999 г. во Франција постоеле 36.779 општини.
Во континентална Франција, средната површина на департманите изнесува 5.965 км2, што е за 2,5 пати поголема од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Во 2001 г. средниот број на жители на департманите во континентална Франција изнесувал 511.012 жители, што е 21 пати поголема од онаа кај окрузите во САД, но помалку од 2/3 од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Највеќето департмани зафаќаат површина од 4.000 до 8.000 км, а населението брои од 250.000 до 1 милион жители. Најголема површина има Жиронда (10.000 км2), а најмала има градот Париз (105 км2). Најнаселен департман е Север (2.550.000), а најмалку жители има Лозер (74.000).
Секој департман има свој двоцифрен број, кој стои во месниот поштенски број, во INSEE-кодовите (и матичниот број) и на регистарските таблички. Бројот 96 го користи Монако. Заедно со државниот код FR (од ISO 3166-1 алфа-2), бројките ги образуваат кодовите во ISO 3166-2 за континенталните департмани. Прекурмоските департмани имаат по две букви за ISO 3166-2 код, како на преката 971 за Гваделуп. До 2018 г. Корзика била поделена на два департмана (Горна и Јужна), кои ги имале броевите 2A и 2B наместо денешниот 20 за целата Корзика усвоен со нејзиното спојување.
Список
[уреди | уреди извор]Сите департмани имаат свој штит како обележје, но не сите се официјални или во службена употреба. Таму кајшто не се официјални се користи посовремен амблем. Самата Франција во целина нема грб (поради аристократското потекло на хералдиката). Овој обичај важи и за месните управни органи во голем број департмани.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ministère de l'intérieur. „Les élections départementales : comprendre ce qui change“. Архивирано од изворникот на 2016-08-10. Посетено на 30 јули 2015.
- ↑ Метропола со статус на територијална заедница
|
|