Европска ракометна федерација (англиски: European Handball Federation, EHF или ЕХФ) — раководен орган на ракометот во Европа. Основана е во 1991 г. со седиште во Виена, Австрија и брои 50 федерации-членки и две вонредни федерации (Англија и Шкотска). Тековен претседател е Жан Брио (на служба до 2016 г), а генерален секретар е Михаел Видерер.
ЕХФ е основана на 17 ноември1991 г. во Берлин, Германија, но на првиот собир одржан на 5 јуни 1992 г. е одлучено седиштето на организацијата да биде во Виена, Австрија со почеток од 1 септември истата година. Во 2012 г. федерацијата одбележала јубилејни 20 години од своето постоење.[1] Во прво време во неа членувале 29 земји, но денес тој број се има накачено на 49 земји. Федерацијата ги застапува своите членови и во развојот на спортот — како за препознавање надарени играчи, така и деловниот развој на спортот. Најголеми извори на приходи за ЕХФ се првенствата кои ги организира, додека пак за најпривлечни за нови играчи и љубители се сметаат училишните ракометни натпревари и ракометот на песок.