Екавски изговор
Екавски изговор (исто така екавица) е еден од трите изговори на српскиот, хрватскиот и босанскиот јазик и еден од двата кој се прифатени во книжевните варијанти на јазиците. Според тоа, екавскиот и ијекавскиот изговор се сметаат за литературни, што не е случај со икавскиот.
Географски, екавивцата се говори: на Косово и Метохија и Тимочка краина (постар екавски), јужна Србија (торлачки), поголем дел на Шумадија и Војводина (помлад екавски), додека екавски енклави постојат во Славонија (шќакавски или шокачки) и Подравјето (Осиек, Вуковар, Нашице)
Изговорот го добил името според рефлексот на прасловенскиот јат (ѣ = [æ:]), т.е. неговата замена со е:
ѣ → е
- млѣко → млеко (mleko)
- цвѣтъ → цвет (cvet)
- мѣсто → место (mesto)
Замената на јатот со е е најзастапена и најчеста, но не и апсолутна:
ѣ → и
- долѣвати → доливати
- нѣсмь → нисам
дури и ѣ → а
- тѣлѣгъı → таљиге
Последниот пример е специфичен и единствен.
Во основа термините екавски, (и)јекавски и икавски се однесуваат за говорите на штокавскиот дијалект, односно дијалектот кој е основа на книжевните српски, хрватски и босански јазик. Алтернативно, терминологијата може да се прошири на кајкавските и чакавските хрватски дијалекти. Уште повеќе, бидејќи јатот е прасловенски глас со рефлекси во сите современи словенски јазици, оваа терминологија може да се адаптира и за други словенски јазици. По таа логика македонскиот јазик би имал екавски изговор.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Карта на српскохрватските дијалекти според Брабец, Красте и Живковиќ
- Карта на штокавските дијалекти според Далибор Брозовиќ (пристапено на 7.7.2011) Архивирано на 7 јули 2011 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |