Прејди на содржината

Економија на Латвија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Економијата на Латвија се врбројува во групата на новопојавени пазарни економии. Таа е дел од Европската унија.

Макроекономски показатели

[уреди | уреди извор]

Од 2000 година, Латвија имала еден од најголемиот раст на БДП во Европа.[1] Но, во првите три месеци на 2009 година, латвискиот БДП се намалил за 18%, што претставувало најголем пад во ЕУ.[2][3] Според Евростат, БНП по глава на жител во Латвија во 2008 година изнесувал 56% од просекот на ЕУ.[4] Во 2019 година, БДП по глава на жител на Латвија изнесувал 18 172 долари, со што таа била рангирана на 27. место во однос на Европа и 48. во светот.[5] Во 2018 година кефициентот Џини во Латвија изнесувал 36,3%.[6]

Финансиски систем

[уреди | уреди извор]

Даночен систем

[уреди | уреди извор]

Во 1997 година, Латвија го вовела системот на рамен данок. Во 2018 година, таа го напуштила рамниот данок и преминала кон прогресивно оданочување. Од 1 јануари 2018 година, кај данокот на доход се применувала прогресивна стапка од 31,4% за делот на приходот кој надминува 55 000 евра, годишно. Годишниот приход до 20 000 евра се оданочувал со даночна стапка од 20%, а приходот помеѓу 20 000 и 55 000 евра со стапка од 23%. Со повисоката даночна стапка од 20% (наместо дотогашните 10% или 15%) се оданочувале приходите од капиталот и капиталните добивки. Даночното олеснување се зголемило од дотогашните 175 на 200 евра месечно, достигнувајќи 230 евра во 2019 година и 250 евра во 2020 година.[7]

Во 2018 година, Латвија спровела даночна реформа, воведувајќи го моделот на реинвестирана добивка, т.е. данокот на добивка бил суспендиран (даночната стапка е 0%) сè додека добивката не се распредели или се искористи за други цели. Со други зборови, реинвестираната добивка не се оданочува, но стапката на оданочување на распределената добивка е 20%. Претходно, стапката на данокот на добивка изнесувала 15%. Со реформата од 2018 година, дивидендата се оданочува со стапка од 20%, а физичките лица не плаќаат данок на доход на дивидендите што ги добиваат. Понатаму, прагот на прометот за регистрирање на фирмите како даночни обврзници во Управата за јавни приходи бил намален од 50 000 евра годишно на 40 000 евра. Од 1 јули 2018 година, данокот на добивка претпријатијата повеќе не се плаќа однапред, бил донесен посебен закон со кој физичките и правните лица можат да ги отплатат заостанатите даночни долгови, а почнувајќи од 1 јануари 2018 година Управата за јавни приходи можела да ги отпише акумулираните такси и казни.[8]

  1. „Growth rate of real GDP per capita“. Eurostat. Посетено на 2007-07-28.
  2. Eglitis, Aaron (2009-05-11). „Latvian GDP Shrank 18% in First Quarter, EU's Biggest Fall –“. Bloomberg.com. Посетено на 2010-10-16.
  3. „Latvian economy in rapid decline“. BBC News. 2009-05-11. Посетено на 2010-04-04.
  4. „GDP per capita in PPS“ (PDF). Eurostat. Посетено на 2009-06-25.
  5. http://statisticstimes.com/economy/european-countries-by-gdp-per-capita.php statisticstimes.com (пристапено на 12.06.2020)
  6. knoema.com (пристапено на 13.7.2020)
  7. IOTA (2018), Tax reform in Latvia in 2018.
  8. IOTA (2018), Tax reform in Latvia in 2018.