Елизабета Бахтовска
Елизабета Бахтовска | ||
Роден | 24 август 1958 Битола | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | универзитетски професор |
Елизабета Бахтовска (Битола, 24 август 1958) – универзитетски професор на Техничкиот факултет во Битола.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Елизбета Бахтовска е родена во Битола во 1958 година. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет група Физика во Скопје во 1981 година, магистрирала на Машинскиот факултет во Скопје во 1986 година, а докторирала во 1994 година на Институтот за земјотресно инженерство во Скопје.[1]
Од 1982 до 1983 година работи како професор по физика во гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Битола, од 1983 до 1989 работи во РЕК „Битола“, а потоа работи на Техничкиот факултет во Битола. Покрај наставата и учество во повеќе проекти, извршувала повеќе функции: продекан за настава (199-2000), Национален болоњски промотер за Македонија од септември 2005, сенатор во Универзитетскиот совет (2005-2013), продекан за меѓународна соработка (2014-2015), проректор за настава (тековно).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 проф-д-р-елизабета-бахтовска/ „проф. д-р Елизабета Бахтовска“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Македонско научно друштво - Битола. 1.03.2012. Посетено на 8 март 2022. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ „Елизабета Бахтовска“ (PDF). Технички факултет - Битола. Посетено на 8 март 2022.