Прејди на содржината

Ерленмаер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерленмаер

Ерленмаерот е широко употребуван лабораториски прибор кој има рамно дно, конусно тело и цилиндричен врат. Наречен е според германскиот хемичар Емил Ерленмаер, кој го создал во 1861 година. Заради специфичниот облик, хемичарите во лабораториите популарно го нарекуваат ”тиквица”.

Тесното грло е наменето пред сè да се намали испарувањето и да се зголеми кондензацијата со што се намалуваат загубите на материја од хемиските реакции. Најчесто се изработува од огнеотпорно боросиликатно стакло, а таму каде не се врши загревање или не е потребна висока температура се употребуваат примероци од пластика. Волуменот им варира спрема потребите, од 25 ml па до 5 литри.