Прејди на содржината

Зале (округ)

Координати: 51°24′N 11°50′E / 51.400° СГШ; 11.833° ИГД / 51.400; 11.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Залекрајс
Landkreis Saalekreis

округ
Знаме на Залекрајс Landkreis SaalekreisГрб на Залекрајс Landkreis Saalekreis
Карта
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
СедиштеМерзебург
Површина
 • Вкупна1.433 км2 (553 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно183.974
 • Густина130/км2 (330/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SK, MER, MQ, QFT
Мреж. местоwww.saalekreis.de
Петерсберг северно од Хале е знаменитост што може да се види од далеку.

Зале (германски: Saalekreis) — округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Седиштето на округот е во Мерзебург. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Кифхојзер (Тирингија), Мансфелд-Јужен Харц, Залцланд, Анхалт-Битерфелд, Нордзаксен, Лајпциг (двата во Саксонија) и Бургенланд. Слободниот град Хале е целосно опкружен од округот Зале.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Мерзебург-Кверфурт и Зал како дел од реформа на окрузите во 2007.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]

Округот Зале се состои од следниве административни единици:[2]

Слободни градови Слободни општини Општински заедници
  1. Бад Диренберг
  2. Бад Лаухштет
  3. Браунсбедра
  4. Ландсберг
  5. Лебејин-Ветин
  6. Мерзебург
  7. Михелн
  8. Кверфурт
  1. Кабелскетал
  2. Лојна
  3. Петерсберг
  4. Залцатал
  5. Шкопау
  6. Тојчентал

Вајда-Ланд

  1. Барнштет
  2. Фарнштет
  3. Немсдорф-Герендорф1
  4. Обхаузен
  5. Шраплау2
  6. Штајгра
1седиште на општинската заедница;2град
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. „Статистичко биро на Саксонија-Анхалт“. Архивирано од изворникот на 2017-05-15. Посетено на 2012-01-14.

51°24′N 11°50′E / 51.400° СГШ; 11.833° ИГД / 51.400; 11.833