Земјоделство во Србија
Економија на Србија |
---|
Преглед |
Сектори |
Поврзани теми |
|
Земјоделството во Србија — важен дел од економијата на земјата со годишен потенцијал од 12 милијарди евра во извозот[1]. Вкупната површина на земјоделско земјиште надминува 6,12 милиони хектари[2][3]. Земјоделското производство е најистакнато во северна Србија на плодната Панонска Низина, како и во јужните низини во непосредна близина на реките Сава, Дунав и Голема Морава. Од 1948 година се забележува пад на земјоделската активност, кога скоро три четвртини од населението се занимавало со земјоделство додека денес, една четвртина[4].
Производство
[уреди | уреди извор]Србија произведува разни земјоделски производи, главно житарици, овошје и зеленчук, кои претставуваат значаен дел од БДП и извозот. Србија е број 2 производител на малини (84.299 тони, по Русија) и сливи (146.776 тони, втора по Кина), исто така е значаен производител на пченка (6.158.120 тони, рангирана на 32. место во светот) и пченица (2.094.400 тони, на 35 место во светот). Производството на шеќерна репка (2.299.770 тони) и семки од сончоглед (454.282 тони) ја задоволува домашната побарувачка за шеќер и растително масло и дозволува извоз на околу 180.000 тони шеќер во Европската Унија[5].
Производство на овошје
[уреди | уреди извор]Овошните фарми покриваат над 310.000 хектари обработливо земјиште во Србија.
Обем на производство на овошје во тони (од 2012 година)[6]:
Вино
[уреди | уреди извор]Србија е 19-тиот најголем производител на вино во светот. Земјата има една од најдолгите историја на лозарството во Европа и хронолошки ѝ припаѓа на земјите за производство на вино од Стариот Свет.
Има околу 70.000 хектари лозови насади во Србија, произведувајќи околу 425.000 тони грозје годишно, што ја става Србија во првите 20 земји за производство на вино во светот. Поголемиот дел од производството е посветено на локалните винарски визби.
Големите винарии произведуваат совињон, каберне, шардоне, вранец, тамјаника, крстац, смедеревка и динка.
Образование и истражување во земјоделството
[уреди | уреди извор]Постојат неколку факултети кои на студентите им нудат високо образование на земјоделството:
- Факултет за земјоделство при Универзитетот во Белград, Земун
- Новосадски универзитет, Земјоделски факултет
- Универзитет во Крагуевац, Факултет за агрономија во Чачак
Постојат неколку научни институти со активности посветени на развојот на земјоделството:
- Институт за истражување на медицински растенија "Јосиф Панчиќ" во Белград
- Институт за земјоделска економија во Белград
- Институт за заштита на растенијата и животна средина во Белград
- Институт за сточарство во Белград
- Институт за шумарство во Белград
- Институт за поле и растителни култури во Нови Сад
- Институт за истражување на пченка „Земунско Поље“ во Земун
- Институт за применети науки во земјоделството во Белград
- Институт за хигиена и технологија за месо во Белград
- Институт за пестициди и заштита на животната средина во Белград
- Институт за земјоделска економија во Белград
- Институт за истражување на плодови во Чачак
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Serbia's agricultural potential - EUR 12 billion“. B92. 15 March 2013. Посетено на 14 June 2013.
- ↑ „Food Industry“. SIEPA. Архивирано од изворникот на 2014-10-09. Посетено на 14 June 2013.
- ↑ „Agriculture and Enlargement“ (PDF). European Commission. May 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 May 2013. Посетено на 14 June 2013.
- ↑ „Agriculture and forestry“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 14 June 2013.
- ↑ „Serbia Overview“. Food and Agriculture Organization of the United Nations. Архивирано од изворникот на 1 April 2013. Посетено на 14 June 2013.
- ↑ „Food Industry in Serbia“ (PDF). SIEPA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-25. Посетено на 14 June 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Земјоделство во Србија“ на Ризницата ? |