Прејди на содржината

Карин Оберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карин Оберг
Роден(а)27 август, 1982
ПолињаАстрохемија, Астрономија
УстановиУниверзитетот Харвард, Универзитетот во Вирџинија
Теза„Сложени процеси во едноставни мразови: Лабораториски и набљудувачки студии за гас-зрнести интѕеракции за време на формирање на ѕвезди“ (2009)
Познат поОткривање на првата сложена молекула во протопланетарен диск
Поважни наградиХабл постдокторски стипендија, Алфред П. Слоан стипендија по физика, Пакард стипендија за наука и инженерство
Страница
https://karinoberg.cfa.harvard.edu/

Карин Ингегерд Оберг (р. 27 август 1982) — шведска астрохемичарка.[1] Таа е професор по астрономија на Универзитетот Харвард и водач на групата Астрохемија во Оберг во Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.[2] Таа е позната по својата работа што го проучувала формирањето на ѕвезди, формирањето на планети и ѕвездената еволуција во однос на органските молекули, кои се неопходни за да се утврди потеклото на животот на Земјата и на други места.[3][4] Во април 2015 година, групата на Оберг ја откри првата комплексна органска молекула во протопланетарниот диск.[5][6]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Карин Оберг е родена на 27 август 1982 година во Нишепинг, Шведска.[1] На 6 годишна возраст, нејзиното семејство се преселило во Карлскона, каде што го поминала остатокот од своето детство.[1] Била израсната заедно со нејзините два брата и посетувала државни училишта, основно и средно.[1] Во 2001 година, професорката по хемија во средно училиште ја пријавила Оберг на локалната олимпијада по хемија. Таа се квалификувала за меѓународниот натпревар, како претставничка на Шведска.[7] Исто така, за време на нејзината последна година во гимназијата Чапмансколан, таа спровела проект, што резултирал со нејзината прва публикација.[1]

Школување

[уреди | уреди извор]

Оберг се школувала на Калифорнискиот институт за технологија и дипломирала со пофалба во 2005 година со диплома по хемија.[8] За време на школувањето, таа била член на физичко, хемиско и астрохемиско истражување,[1] и објавила два научни труда врз основа на нејзината работа.

По нејзините додипломски студии, Оберг се запишала на докторски студии на Универзитетот Лајден во Холандија под надзор на Евин ван Дишок и Харолд Линарц.[1] Таа поминала четири години комбинирајќи лабораториска симулација и астрономско набљудување за да ја проучува хемијата и динамиката на меѓуѕвездениот мраз.[4] Ова истражување довело до труд, насловен како „Сложени процеси во едноставни мразови: Лабораториски и набљудувачки студии за интеракции на гас-зрнести интеракции за време на формирањето на ѕвездите“.[1] Докторскиот труд го одбранила на 16 септември 2009 година.[1] Дипломирала со пофалба со докторат по астрономија од Универзитетот Лајден во 2009 година.[8]

Откако Оберг докторирала во 2009 година, НАСА и додели постдокторска стипендија за Хабл.[9] Таа го користела ова финансирање за истражување во Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан до август 2012 година.[8] Во тоа време, таа ги проучувала радиоастрономските набљудувања на органски молекули кај младите ѕвезди, како што се протопланетарни дискови и протоѕвезди.[4]

Потоа, Оберг работеше на Универзитетот во Вирџинија како научник и асистент професор по хемија и астрономија до јуни 2013 година.[8] Таа спроведувала лабораториски експерименти со мраз и проучувала просторно и спектрално определени астрономски набљудувања, и двете се фокусирале на процесите што се случуваат за време на хемиската еволуција на планета или ѕвезда.[4]

Оберг се вратила на Харвард во јули 2013 година како доцент по астрономија.[8] Овде, таа ја формирала Астрохемиската група Оберг.[8] Оваа група спроведува истражување во Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.[8]

Оберг служи во одборот на Друштвото на католички научници.[10]

Истражувања

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 2021 година, Оберг има објавено над 130 написи, најмалку 36 како прв автор, и била цитирана над 11.000 пати.[11][12] Нејзиниот главен домен на работа во моментов се однесува на астрохемијата и нејзиниот ефект врз формирањето на планетите.[13] Групата за астрохемија Оберг, наведува дека нивното истражување се однесува на следновиве теми:[3]

  1. хемиската еволуција присутна за време на формирањето на ѕвезди и планети и нејзините ефекти врз составот на планетите,
  2. основните физичко-хемиски процеси кои ја поткрепуваат оваа еволуција,
  3. и развој на нови молекуларни сонди од различни аспекти на формирање на ѕвезди и планети.

Истражувањето на групата се состои од лабораториски симулации на мраз и радио и инфрацрвени набљудувања на астрономски однесувања и информации.[3]

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Како дете, Оберг била член во шведската црква, но набргу потоа станала агностик.[14] Нејзиното подоцнежно преобраќање во католицизам било делумно инспирирано од православието на Г. К. Честертон.[14]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Öberg, Karin I. (2009). Complex processes in simple ices - Laboratory and observational studies of gas-grain interactions during star formation (Ph.D.). Leiden University.
  2. Öberg, Karin. „Home“. The Öberg Astrochemistry Group. Harvard University.
  3. 3,0 3,1 3,2 Öberg, Karin. „Research“. The Öberg Astrochemistry Group. Harvard University.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Simons Collaboration on the Origins of Life: Karin Öberg“. Simons Foundation. Simons Foundation. Архивирано од изворникот на March 4, 2016.
  5. Öberg, Karin I.; Guzmán, Viviana V.; Furuya, Kenji; Qi, Chunhua; Aikawa, Yuri; Andrews, Sean M.; Loomis, Ryan; Wilner, David J. (2015). „The comet-like composition of a protoplanetary disk as revealed by complex cyanides“. Nature. 520 (7546): 198–201. arXiv:1505.06347. Bibcode:2015Natur.520..198O. doi:10.1038/nature14276. PMID 25855455.
  6. „Complex Organic Molecules Discovered in Infant Star System - Hints that the building blocks of the chemistry of life are universal“. www.eso.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2015-12-16. Посетено на 2015-12-02.
  7. „The International Chemistry Olympiad“. Chemistry International -- Newsmagazine for IUPAC. 27 (4). 2005-01. doi:10.1515/ci.2005.27.4.3. ISSN 1365-2192. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Le Gal, Romane; Brady, Madison T.; Öberg, Karin I.; Roueff, Evelyne; Petit, Franck Le (2019-11-22). „The Role of C/O in Nitrile Astrochemistry in PDRs and Planet-forming Disks“. The Astrophysical Journal. 886 (2): 86. doi:10.3847/1538-4357/ab4ad9. ISSN 1538-4357.
  9. http://hubblesite.org/newscenter/archive/releases/2009/09/full/. Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Our Leadership“. www.catholicscientists.org. Посетено на 2021-11-17.
  11. „Karin Öberg“. scholar.google.com. Посетено на 2021-11-17.
  12. „NASA/ADS“. ui.adsabs.harvard.edu. Посетено на 2021-11-17.
  13. „Karin Öberg“. astronomy.fas.harvard.edu (англиски). Посетено на 2021-11-17.
  14. 14,0 14,1 „Karin Oberg PhD Podcast Transcript“. Purpose Nation (англиски). Посетено на 2021-11-17.