Прејди на содржината

Кола сено

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кола сено
Творец Џон Констабл
Година 1821
Вид Масло на платно
Димензии 130 см × 185 см
Место Национална галерија, Лондон

Кола сено“ (англ. The Hay Wain) е слика во масло на платно од англискиот сликар Џон Констабл. Завршена е во 1821 и на неа е прикажана кола сено близу Флетфордската воденица на реката Стауар кај Флетфорд, Сафолк.

Флетфордската воденица била во сопственост на таткото на сликарот, а куќата на лево била на соседот Вили Лот (закупник), кој е роден во неа и никогаш не ја напуштил за подолго од четри дена. Вили Лотовата куќа постои и денес практично непроменета, но ниедно од дрвата на сликата не е присутно денес. Исто така нивото на водата е повисоко бидејќи тој крај на Источна Англија се има спуштено во морето за 30 cm од времето на Констабл.

„Кола сено“ денес се цени како една од најинзвонредните британски слики, но кога за првпат била изложена во Кралската академија во 1821 (под насловот „Пејзаж: Пладне“) не привлекла ниту еден купувач. Во Франција истата била многу подобро примена каде за неа пофално пишувал Теодор Жерико. Сликата предизвикала сензација кога била изложена заедно со други дела од Констабл во Парискиот Салон во 1824. На таа изложба „Кола сено“ добила златен медал од кралот Шарл X, а отисокот на медалот денес е дел од нејзината рамка. Делата на Констабл инспирирале една цела нова генерација на француски сликари, меѓу кои и Ежен Делакроа.

Оваа слика била изгласана за втора најдобра слика во Британија на анкета организирана од програмата Today во септември 2005. Изложена е во Националната галерија во Лондон. .!.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]