Комнини
Комнини | |
---|---|
Земја | Византија Трапезунтското Царство |
Прпадност | Византијци |
Основана | 10 век |
Основач | Мануел Еротик Комнин |
Последен владетел | Давид Комнин |
Титули | Византиски цар Трапезунтски цар[1] |
Распад | 15 век |
Крај на владеењето | 1453 - распаѓање на Византија 1461 - распаѓање на Трапезунтското Царство |
Комнини (грчки: Κομνηνός, Κομνηνοί) се средновековна аристократска византиска фамилија, кои во 11 век и 12 век управувале со Византија.
Потекло
[уреди | уреди извор]Основач на династијата според Михаил Псел е Мануел Еротик Комнин, кој бил крупен земјопоседник на византиски апанаж во Кастамону - Пафлагонија, но е роден во Филипопоја каде поседувал имот со името Комни . Негов син бил Исак I Комнин. Општо е прифатено (хипотетички, но без да е докажано) дека корените на презимето Комнин се во областа Пафлагонија во која семејството поседувала генерички имоти, центар на кои била тврдината Castra Comnenus (Денешниот турски град Кастамону).
Не е јасно Мануел Комнин дали бил Ерменец по потекло или Бугарин. Последното големо преселување било во 970 година, кога во реонот на Филипопол (денешен Пловдив) се населиле 200.000 Ерменци[2]. Според американската византолошка од ерменско потекло Н. Гарсојан, овие Ерменци биле потомци на оние кои биле населувани во Сирија по падот на Павликанската држава во 871 година.
За првиот познат претставник на династијата е јасно дека во 978 година ја бранел Никеја од Вардех Склир. Претставниците на Комнините сосема намерно се сродиле со претставници на комитопулитете - Исак I Комнин бил оженет за Катерина Комнина, а Алексиј I Комнин - за Ирина Дукина.
Управување
[уреди | уреди извор]Династијата на Комнините со Византија управувала од 1057 до 1059 година и од 1081 до 1185 година. По уништувањето на Византија од крстоносците во Четвртата крстоносна војна, претставници на Комнините започнале да управуваат и како цареви на создадената од нив Трапезунтското Царство (1204 - 1461).
По женска линија од последните трапезундски Велики Комнини произлегле и познатите династии на Сефевидите и Бабурите на Моголската царство, пред Иран и Индија да бидат освоени во текот на Големата игра од Британската царство.
За време на управување со Комнините, Византија доживеала последен подем во царството во надворешнополитички план, проследено преку обновата на царството од страна на Палеолозите, по кое започнала т.н. Палеологошка ренесанса. Управувањето на Комнините претставувало период на т.н. зрел византиски феудализам во кој се случила Големиот раскол каде христијанскиот свет засекогаш бил поделен на источен и западен.
Исак I Комнин бил првиот член на фамилијата на Комнините, кој застанал на византискиот престол. Тој ја имал должноста стратопедарх на Истокот во времето на цар Михаил VI. Во 1057 година Исак организирал заговор за соборување на царот и сам застанал на чело на огромната царство. Сепак динсатијата на Комнин успеала да се зацврсти на престолот во времето на Алексиј I Комнин во 1081 година.
Последен кој управувал со Византија од династијата бил Андроник I Комнин, кој бил соборен од престолот од страна на Исак II Ангел.
Подоцнешни години
[уреди | уреди извор]Неколку недели пред окупацијата на Цариград од крстоносците во 1204 година, една гранка на Комнините побегнала назад во нивните имоти во Пафлагонија, по должината на источниот брег на Црното Море. Таму тие основале свое царство познато како Трапезунтското Царство, земја наследничка на Византија[3].Алексиј Комнин ја искористил презафатеноста на византиската власт со крстоносците пред нивните ѕидини (јуни 1203 – средина на април 1204[4] ) и го зазел Трапезунт и провинцијата Халдија со војници од добиени од неговиот роднина, Тамара од Грузија[5]. Со тоа, врските меѓу Трапезунт и Грузија останале цврсти, но нивната природа била оспорувана.[6]
Трапезунтското Царство ја надживеала Византија за неколку години, односно до 1461 година кога последниот цар Давид Комнин бил погубен од страна на Мехмед II[7].
Династија на Комнините во Византија
[уреди | уреди извор]- Исак I Комнин (1057-1059)
- Алексиј I Комнин (1081-1118)
- Јован II Комнин (1118-1143)
- Мануил I Комнин (1143-1180)
- Алексиј II Комнин (1180-1183)
- Андроник I Комнин (1183-1185)
Дунастијата МегалоКомнини
[уреди | уреди извор]Династијата Комнини владеела со Византиското Царство од Цариград сè до 1185 година. На табелата се покажани членовите на семејството кои биле владетели на Трапезунт од 1204 до 1461 година.
Име | Од | До |
---|---|---|
Алексиј I Велики Комнин | 1204 | 1222 |
Андроник I Гид | 1222 | 1235 |
Јован I Велики Комнин | 1235 | 1238 |
Мануил I Велики Комнин | 1238 | 1263 |
Андроник II Велики Комнин | 1263 | 1266 |
Георгиј Велики Комнин | 1266 | 1280 |
Јован II Велики Комнин | 1280 | 1284 |
Теодора Велика Комнина | 1284 | 1285 |
Јован II Велики Комнин* | 1285 | 1297 |
Алексиј II Велики Комнин | 1297 | 1330 |
Андроник III Велики Комнин | 1330 | 1332 |
Мануил II Велики Комнин | 1332 | 1332 |
Василиј Велики Комнин | 1332 | 1340 |
Ирена Палеологина | 1340 | 1341 |
Ана Велика Комнина | 1341 | 1342 |
Јован III Велики Комнин | 1342 | 1344 |
Михаил Велики Комнин | 1344 | 1349 |
Алексиј III Велики Комнин | 1349 | 1390 |
Мануил III Велики Комнин | 1390 | 1416 |
Алексиј IV Велики Комнин | 1416 | 1429 |
Јован IV Велики Комнин | 1429 | 1459 |
Давид Велики Комнин | 1459 | 1461 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ полната титула на царевите од Трапезунт по 1261 година , “верниот базилеј и автократ на Истокот, Иберијците и Ператеја”
- ↑ Jovan Cvijiċ. La Péninsule Balkanique. Librairie Armand Colin, Paris, 1918, p. 476
- ↑ Alexander A. Vasiliev History of the Byzantine Empire Vol 2. 324 - 1453 University of Wisconsin Press; 2 edition, 1958 page 506 : ”... on the territory of the disintegrated eastern empire, three independent Greek centers were formed; The empire of Nicaea and the empire of Trebizond in Asia Minor and the Despotat of Epirus in Northern Greece.”
- ↑ Mango, C. (ed.) The Oxford History of Byzantium (2002), p. 250
- ↑ A. A. Vasiliev, "The Foundation of the Empire of Trebizond (1204-1222)", Speculum, 11 (1936), pp. 3-37
- ↑ Eastmond, Antony. "Narratives of the Fall: Structure and Meaning in the Genesis Frieze at Hagia Sophia, Trebizond". Dumbarton Oaks Papers 53 (1999), 219–36.
- ↑ Discussed by Ruth Macrides, "What's in the name 'Megas Komnenos'?" Archeion Pontou, 35 (1979), pp. 236-245
Литература
[уреди | уреди извор]- Cameron, Averil (Ed.) (2003) Fifty Years of Prosopography: The Later Roman Empire, Byzantium and Beyond, Oxford University Press.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно
|title=
(help) - Varzos, Konstantinos (1984). The Genealogy of the Komnenoi Η Γενεαλογία των Κομνηνών (грчки). Thessaloniki: Centre for Byzantine Studies, University of Thessaloniki., Vols. A1 Архивирано на 3 февруари 2014 г., A2 Архивирано на 3 март 2016 г. & B Архивирано на 3 март 2016 г.