Прејди на содржината

Коронавирус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Orthocoronavirinae
SARS-CoV-2 virion
Научна класификација
Колено: incertae sedis
Ред: Nidovirales
Семејство: Coronaviridae
Потсемејство: Orthocoronavirinae
Родови[1]
Синоними

Коронавируси (латински: Orthocoronavirinae, Coronavirinae) — група вируси што предизвикуваат болести кај цицачите и птиците. Кај луѓето, вирусите предизвикуваат дишни инфекции што типично се лесни, вклучувајќи обична настинка, но поретко и SARS, MERS и COVID19 (чиј SARS-CoV-2 вирус предизвикал глобална пандемија) коишто може да бидат смртоносни. Кај крави и свињи може да предизвикаат пролив, додека кај живината може да предизвикаат горнодишна болест. Не постојат вакцини или антивирусни лекови кои се одобрени за превенција или третман.[4]

Коронавирусите се вируси од потсемејството Orthocoronavirinae, семејство Coronaviridae и род Nidovirales.[5][6] Тие се создадени во еден синџир, со позитивно насочен РНК-геном и спирално симетричен нуклеокапсид. Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази — најголема кај некој РНК-вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години.[7]

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

Еволуција

[уреди | уреди извор]

Најблизок древен заеднички претходник (НДЗП) на сите коронавируси се наоѓа 8000 години п.н.е.[8] НДЗП линијата Алфакоронавирус се наоѓа 2400 п.н.е, Бетакоронавирусната линија на 3300 п.н.е, Гамакоронавирусната линија на 2800 п.н.е, и Делтакоронавирусната линија на околу 3000 п.н.е.[9] Коронавирусот од лилјаците и SARS-CoV се разминале во 1986 година.[10]

Човечки коронавируси

[уреди | уреди извор]
Инфекциски[мртва врска] циклус на коронавирус

Познати се повеќе човечки коронавируси:

  1. Човечки коронавирус 229E (HCoV-229E)
  2. Човечки коронавирус OC43 (HCoV-OC43)
  3. SARS-CoV
  4. Човечки коронавирус NL63 (HCoV-NL63, коронавирус Њу Хејвен)
  5. Човечки коронавирус HKU1
  6. MERS-CoV
  7. SARS-CoV-2

Коронавирусите HCoV-229E, NL63, OC43 i HKU1 константно циркулираат меѓу човечката популација и предизвикуваат дишни инфекции кај возрасните и децата ширум светот.[11]

Епидемии

[уреди | уреди извор]

Досега имало избивање на неколку епидемии од коронавирусот кој имале релативно висока стапка на смртност:

Епидемија Тип на вирус Смрт
Епидемија на SARS во 2003 SARS-CoV 774[12]
Епидемија на MERS на Блискиот Исток во 2012 MERS преку 400[13]
Епидемија на MERS во Јужна Кореја во 2015 MERS 36[14]
Епидемија на MERS во 2018 MERS 41[15]
Епидемија на COVID19 во 2019-2021 SARS-CoV-2 над 1,50 милиони смртни случаи.

Избивање на епидемија од новиот коронавирус

[уреди | уреди извор]
Симптоми на новиот коронавирус

Избивање на епидемијата од новиот коронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина.[16] Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV[17] и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.[18] Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле утврдени и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.[19] Најголема епидемија од вирусот во Европа, се појавила во Италија каде до денес биле заразени повеќе од 9000 луѓе, а починале 463.[20]

Статии и книги поврзани со коронавирус

[уреди | уреди извор]
  • Alwan A, Mahjour J, Memish ZA (2013). „Novel coronavirus infection: time to stay ahead of the curve“. Eastern Mediterranean Health Journal. 19 Suppl 1: S3–4. doi:10.26719/2013.19.supp1.S3. PMID 23888787. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 2020-03-09.
  • Laude H, Rasschaert D, Delmas B, Godet M, Gelfi J, Charley B (juni 1990). „Molecular biology of transmissible gastroenteritis virus“. Veterinary Microbiology. 23 (1–4): 147–54. doi:10.1016/0378-1135(90)90144-K. PMID 2169670. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • Sola I, Alonso S, Zúñiga S, Balasch M, Plana-Durán J, Enjuanes L (April 2003). „Engineering the transmissible gastroenteritis virus genome as an expression vector inducing lactogenic immunity“. Journal of Virology. 77 (7): 4357–69. doi:10.1128/JVI.77 јули 4357-4369.2003 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMC 150661. PMID 12634392.
  • Tajima M (1970). „Morphology of transmissible gastroenteritis virus of pigs. A possible member of coronaviruses. Brief report“. Archiv für die Gesamte Virusforschung. 29 (1): 105–8. doi:10.1007/BF01253886. PMID 4195092.
  1. „Virus Taxonomy: 2018b Release“ (html). International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV) (англиски). mart 2019. Архивирано од изворникот 4 март 2018. Посетено на 24 јануари 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „2017.012-015S“ (xlsx). International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV) (англиски). oktobar 2018. Архивирано од изворникот 14 мај 2019. Посетено на 24 јануари 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „ICTV Taxonomy history: Orthocoronavirinae. International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV) (англиски). Посетено на 24 јануари 2020.
  4. „Коронавирус“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. de Groot RJ, Baker SC, Baric R, Enjuanes L, Gorbalenya AE, Holmes KV, Perlman S, Poon L, Rottier PJ, Talbot PJ, Woo PC, Ziebuhr J (2011). „Family Coronaviridae“. Во AMQ King, E Lefkowitz, MJ Adams, EB Carstens (уред.). Ninth Report of the International Committee on Taxonomy of Viruses. Elsevier, Oxford. стр. 806–828. ISBN 978-0-12-384684-6.
  6. International Committee on Taxonomy of Viruses (24 август 2010). „ICTV Master Species List 2009 – v10“ (xls).
  7. „Coronavirus: Common Symptoms, Preventive Measures, & How to Diagnose It“. Caringly Yours (англиски). 28 јануари 2020. Посетено на 28 јануари 2020.[мртва врска]
  8. „A case for the ancient origin of coronaviruses“. Journal of Virology. 87 (12): 7039–45. juni 2013. doi:10.1128/JVI.03273-12. PMC 3676139. PMID 23596293. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Discovery of seven novel Mammalian and avian coronaviruses in the genus deltacoronavirus supports bat coronaviruses as the gene source of alphacoronavirus and betacoronavirus and avian coronaviruses as the gene source of gammacoronavirus and deltacoronavirus“. Journal of Virology. 86 (7): 3995–4008. April 2012. doi:10.1128/JVI.06540-11. PMC 3302495. PMID 22278237.CS1-одржување: display-автори (link)
  10. „Evolutionary insights into the ecology of coronaviruses“. Journal of Virology. 81 (8): 4012–20. April 2007. doi:10.1128/jvi.02605-06. PMC 1866124. PMID 17267506.
  11. „Hosts and Sources of Endemic Human Coronaviruses“. Advances in Virus Research. 100: 163–188. 2018. doi:10.1016/bs.aivir.2018 јануари 001 Проверете ја вредноста |doi= (help). ISBN 978-0-12-815201-0. PMID 29551135.
  12. Smith, Richard D (2006). „Responding to global infectious disease outbreaks: Lessons from SARS on the role of risk perception, communication and management“. Social Science & Medicine. 63 (12): 3113–23. doi:10.1016/j.socscimed.2006 август 004 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 16978751.
  13. „Case‐control study to assess potential risk factors related to human illness caused by the Middle East Respiratory Syndrome Coronavirus (MERS-CoV)“ (PDF). World Health Organization. 28 март 2014. Посетено на 24 април 2014.
  14. „Middle East respiratory syndrome coronavirus (MERS-CoV) – Republic of Korea“. World Health Organization (англиски). Посетено на 1 декември 2016.
  15. Pandemic Epidemic Diseases news: Infectious disease outbreaks reported in the Eastern Mediterranean region in 2018 Between 12 January through 31 May 2018, the National IHR Focal Point of The Kingdom of Saudi Arabia reported 75 laboratory confirmed cases of Middle East respiratory syndrome coronavirus (MERS_CoV), including twenty-three (23) deaths. Date www.emro.who.int, accessed 29 January 2020
  16. The Editorial Board (29 јануари 2020). „Is the World Ready for the Coronavirus? - Distrust in science and institutions could be a major problem if the outbreak worsens“. The New York Times. Посетено на 30 јануари 2020.
  17. „Laboratory testing of human suspected cases of novel coronavirus (nCoV) infection. Interim guidance, 10 January 2020“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 20 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  18. Gorbalenya, Alexander E. (11 февруари 2020). февруари 07.937862v1 „Severe acute respiratory syndrome-related coronavirus – The species and its viruses, a statement of the Coronavirus Study Group“ Проверете ја вредноста |url= (help). bioRxiv: 2020 февруари 07.937862. doi:10.1101/2020 февруари 07.937862 Проверете ја вредноста |doi= (help).
  19. „Novi koronavirus 2019-nCoV“. fmoh.gov.ba. Посетено на 7 февруари 2020.
  20. Министерство за здравство на Италија. „Covid-19: i casi in Italia alle ore 18 del 9 март“ (италијански). Посетено на 9 март 2020.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]