Кронбергер 61
маглина | |
---|---|
Податотека:Kronberger 61.jpg Слика од маглината Кронбергер 61 снимена со опсерваторијата Џемини | |
Податоци од набљудување: епоха J2000 | |
Ректасцензија | 19ч 21м [1] | 38,936с
Деклинација | +38° 18′ [1] | 57,2420″
Соѕвездие | Лебед |
Ознаки | Kronberger 61, Soccer Ball Nebula[1] |
Поврзано: Списоци на маглини |
Кронбергер 61 — маглина забележана од аматерски астроном во јануари 2011 година, додека пак поновите фотографии се снимени од страна на опсерваторијата Џемини.[2] Маглината е именувана по австриецот Матијас Кронбергер, член на аматерската група Дип Скај Хантерс. Се претпоставува дека маглината е на растојание од 13.000 светлосни години. Тие ја забележале маглината кога набљудувале во близина на северното соѕвездие Лебед.[3] Се очекува ова откритие да помогне да се разреши декадната дебата, за улогата на ѕвездените придружници во создавањето на структурата на планетарните маглини.[4]
Маглината е во релативно мала област,која во моментот била испитувана од страна на вселенското летало на НАСА, Кеплер чија мисија е да најде планети и светлината од маглината се должи пред сè на двојно јонизираниот кислород.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „NAME Soccer Ball Nebula“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ Mosher, Dave. „'Soccer Ball' Nebula Discovered by Amateur Astronomer“. National Geographic.
- ↑ Moore, Kurt (July 28, 2011). „New Planetary Nebula Found By Amateur Astronomer“. KRIV (TV). Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 2023-09-13.
- ↑ 4,0 4,1 Jacoby, George. „Gemini Observatory Image Release“. Gemini Observatory.