Прејди на содржината

Лададика

Координати: 40°38′06″N 22°56′13″E / 40.635° СГШ; 22.937° ИГД / 40.635; 22.937
Од Википедија — слободната енциклопедија

Лададика (грчки: Λαδάδικα) — историско подрачје од културно значење во градот Солун, Егејска Македонија.

Улица во областа Лададика

Се наоѓа блиску до пристаништето во Солун, и со векови претставува важно пазаришно место во градот. Името му доаѓа од многуте продавници за маслиново масло во околината. Многу солунски Евреи живееле во овој дел, додека таканаречената „франкофонска населба“, со француски и италијански трговци, се наоѓа во близина.

Пред Првата светска војна, оваа населба била позната како резил-сокак, бидејќи овде биле сместени бројни бордели. Од 1985 година, Министерството за култура и спорт на Грција ја прогласува оваа наслеба културно наследство, при што е заштитен и обновен посебниот архитектонски стил на Лададика со градбите од XIX век.

Во поново време, минувајќи низ процес на џентрификација, во текот на 1980-те години, Лададика е претворен во подрачје за забава, бидејќи овде се создале бројни барови, ноќни клубови, ресторани и кафеани, во делот кој некогаш бил полн со продавници на маслиново масло. Сè е поврзано со пешачки улици.[1]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2015-08-20.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

40°38′06″N 22°56′13″E / 40.635° СГШ; 22.937° ИГД / 40.635; 22.937