Прејди на содржината

Летот на шаторските крила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Летот на шаторските крила
Насловната корица
АвторМирослав Спироски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ЖанрДокументарен роман
Издадена
2008
ISBN978-608-4502-15-9

Летот на шаторските крила е книга од авторот Мирослав Спироски од 2008 година, во издание на Аквариус пет Скопје. Во книгата се содржани 11 поглавја, вклучувајќи ги поговорот и биографијата на авторот. Книгата е посветена на студентските протести од 1997 година, на политичкото досие Марта, како и на активноста на Филип Петровски во тој период.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата е поделена на следниве поглавја:

  • Гревот на сенките
  • Времето на мимозите
  • Обид за изместување на патриотизмот
  • Белешките
  • Продолжена агонија
  • Големата заблуда
  • Загубена битка
  • Спреени зла
  • Добиена битка
  • Поговор
  • Биографија на Мирослав Спироски

Во книгата се вметнати фотографии и документи од приватната архива на Фили Петровски, меѓу кои се наоѓаат неколку страници од досието Марта.

Затоа секогаш летот на младите луѓе во животот посебно инспирира. Та, дури да е и со шаторски крила. Но, тоа очигледно не важи за сите. Да не заборавиме дека сме опкружени и со надежници за кои времево во кое битисуваме е некое чудно, та и пречудно... Да, ова е ново време и се вика сегашност...[1]
  1. Мирослав Спироски: „Летот на шаторските крила“, издание на Аквариус пет, Скопје 2008, стр. 36.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]