Прејди на содржината

Луис Окања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хесус Луи Окања Пернија

Хесус Луис Окања Пернија ( шпански: Jesús Luis Ocaña Pernía; 9 јуни 1945 година - мај 19, 1994 година ) — поранешен шпански професионален велосипедист во период од 1969 до 1977. Тој бил исклучителен хронометраш и планинар. Најголемиот успех го постигнал во 1970 година, кога ја освоил Вуелта а Еспања, и во 1973 година кога го освоил Тур де Франс .

Почеток на кариера

[уреди | уреди извор]

Окања е роден во шпанската провинција Куенка, тој започнал со велосипедизам да се занимава на 12-годишна возраст, а станал професионалец во 1968 година, во шпанскиот тим Фагор, истата година го освоил државното првенство и учествуваше во Џиро д’Италија, каде заврши на 34 место Тоа бил единствениот пат кога го возел на Џиро. Следната година, Окања учествувал во Вуелта а Еспања, каде го освоил второто место, планинска класификација и три етапи (пролог и два хронометра).

1970—1974 година

[уреди | уреди извор]

Во 1970 година, тој се преминал во францускиот БИК, со кој го завршил Тур де Франс на 31-то место, а потоа ја освоил Вуелта а Еспања, по што шпанските медиуми го прогласиле за најдобар шпански хронометраш досега.

Во 1971 година, Окања завршил на третото место во Париз-Ница и на второто место во Критериумот на Дофин, и двапати зад Меркс, што најавил голема борба на Тур де Франс. По 11 етапи на Тур, Окања имал осумминутна предност пред Меркс. После еден ден одмор, Меркс намали на седум минути, а потоа, во Пиринеите, на Кол де Монт, Меркс нападнал, Окања не можел да одговори, се борел сè додека не завршил на асфалтот барајќи помош. Тој бил пренесен во болница каде се опоравил, но неговиот сон да го освои Тур бил срушен. Следниот ден, Меркс одбил да носи жолта маица. На Вуелта, Окања стигнал до третото место. Меркс решил да ја вози Вуелта наместо Тур де Франс следната година, но ја смени својата одлука поради тврдењето дека го освоил Тур само затоа што Окања морал да се откаже. Окања го освоил Критериумот Дофин и државното првенство, и се чинело дека ќе биде нов голем судир меѓу Окања и Меркс. Окања нападнал неуспешно по ридовите, сè додека не морал да го напушти Тур поради бронхитис. Меркс победил во Тур де Франс во 1972 година.

Во 1973 година, по проблемите од претходните две години, Окања не бил фаворит. Меркс реши да не учествува на Тур, по четири победи во низа, решил да ги вози Џиро и Вуелта. Окања против себе ги имал Јоп Зутемелк и Ремон Пулидор. Окања бил многу силен во ридовите, освојувајќи две етапи со огромна предност и по 11 етапи, Окања имал девет минути пред Фуенте кој бил втор, додека Зутемелк и Пулидор заостанале над 20 минути. Окања исто така го освои хронометарот на 12 етапи, а до крајот тој освоил уште две планински етапи и го освоил Тур де Франс со 15 минути предност од второпласираниот Бернар Тевне. После тоа се очекувал голем двобој помеѓу Окања и Меркс на Вуелта, но Еди Меркс победил на четири минути пред Окања, кој завршил на второто место, а потоа освоил бронза на Светскиот куп.

Во 1974 година тој не учествувал на Тур де Франс и го освои четвртото место на Вуелта.

1975—1977 година

[уреди | уреди извор]

Окања само еднаш го завршил Тур де Франс во топ 10, во 1973 година, кога го освоил. Во 1975 година Окања повторно имал проблеми и го напуштил Тур на 13-та етапа, и освоил уште едно четврто место на Вуелта.

Окања во 1976 година завршил на третото место во трката Париз-Ница и успеал да го заврши Тур де Франс, но само на 14-то место. Тој дошол во Вуелта а Еспања уште еднаш во одлична форма и го освоил второто место.

Во 1977 година Окања го завршил Тур де Франс на 25-то место, по што ја завршил кариерата. Окања победил на вкупно 110 трки, вклучително и девет етапи на Тур де Франс.

Окања извршил самоубиство на 19.05.1994 година, во Франција (во Ногар), поради финансиски проблеми; тој исто така страдал од карцином и хепатит Ц.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]