Лука Аџиќ
Лука Аџиќ (српски: Лука Аџић; роден на 17 септември 1998 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата играч од средниот ред. Моментално настапува за холандскиот клуб ПЕЦ Цволе.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Црвена ѕвезда Белград
[уреди | уреди извор]Лука Аџиќ е роден во Белград.[1] Тој започнал да тренира во клубот на Црвена ѕвезда од Белград уште на 6-годишна возраст.[2] За првиот тим на Црвена ѕвезда Белград започнал да настапува во сезоната 2015–16, откако ги минал сите младински категории од истиот клуб. На почетокот на 2016 година, за време на зимската пауза Лука бил оддалечен од клубот, поради повредата на предните вкрстени лигаменти.[3] Поради оваа повреда тој бил надвор од фудбалските терени сè до месец мај истата година.[4] Лука го потпишал својот прв професионален договор со клубот на Црвена звезда на 3 март 2016 година и тоа во времетраење од 3 години.[5]
Аџиќ во следната сезона се вратил назад на терените по тешката повреда, но овој пат како дел од младинската екипа и тоа сѐ до крајот на првата полусезона, по што повторно му се приклучил на првиот сениорски тим на клубот.[6] Во меѓувреме, тој својот прв официјален настап за сениорскиот тим на Црвена ѕвезда Белград го имал на куп- натпреварот против екипата на БСК Борча, одигран на 26 октомври 2016 година на стадионот Рајко Митиќ.[7] Аџиќ своето прво деби во Српската Суперлига го имал на гостински натпревар против екипата на Металац Горњи Милановац кога влегол во игра на местото на Срѓан Плавшиќ во 83 минута од натпреварот. На истиот натпревар Лука го постигнал својот прв гол во сениорска конкуренција за победа на неговиот тим од 2-1. Ова се случило во последните минути од играта.[8] Аџиќ го постигнал својот втор гол за тимот во 23-от натпревар од сезоната 2016–17 во Српската Суперлига, и тоа против екипата на ОФК Бачка. И на овој натпревар тој влегол во игра како замена.[9] Аџиќ својот прв сениорски натпревар како стратер во екипата го имал во последното коло од српската прва лига и тоа против тимот на Раднички од Ниш.[10]
Во текот на претсезоната во летото 2017 година, Аџиќ бил еден од најдобрите 10 младински играчи на клубот.[11] Во квалификациите за УЕФА Лига Европа 2017-18, Аџиќ го носел дресот со број 11. На 29 јуни 2017 година, Лука го одиграл својот прв натпревар за тимот на европска сцена и тоа како замена за Рикардо Кавалканте Мендеш за време на натпреварот против малтешката екипа на Флоријана.[12] Тој за прв пат настапил на таканареченото вечно дерби против тимот на Партизан од Белград, заменувајќи го Славољуб Срниќ во 90 минута од натпреварот. Овој натпревар се одиграл на 27 август 2017 година.[13] Аџиќ во својата прва сезона успеал да постигне гол од директен слободен удар на натпреварот од Купот на Србија против тимот на Динамо од Врање и тоа на 11 октомври 2017 година.[14] Подоцна, за време на истиот натпревар, тој го постигнал својот прв хет-трик во професионалната кариера, со еден постигнат гол и две асистенции, асистирајќи му на соиграчот Александар Пешиќ.[15] Во воведниот натпревар од втората полусезона во Српската Суперлига 2017–18, одигран на 17 февруари 2018 година, Аџиќ го постигнал својот втор гол и тоа против тимот на Јавор Ивањица.[16] Неколку дена подоцна, на 21 февруари, Лука имал настап на евролигашки натпревар против тимот на ЦСКА Москва во УЕФА Европа Лигата.[17] На 18 март 2018 година, Аџиќ постигнал гол од директен слободен удар на натпреварот од 28то коло од Суперлигата на Србија против екипата на Мачва од Шабац.[18] Заменувајќи го Славољуб Срниќ во второто полувреме од натпреварот против Чукарички, одигран на 25 април 2018 година, Аџиќ постигнал гол, но и асистирал на Ел Фарду Бен Набухане за победа на својот тим од 3–0.[19] Во мај 2018 година, тој се здобил со повреда на палецот и го пропуштил остатокот од сезоната.[20]
Андерлехт
[уреди | уреди извор]Во мај 2018 година се појавиле извештаи за интерес од страна на тимот на Андерлехт, по што Аџиќ одбил да потпише нов договор со Црвена ѕвезда.[21] На 23 мај 2018 година, тој потпишал четиригодишен договор со белгискиот тим Андерлехт од Брисел, а трансферот изнесувал 800.000 евра.[22]
Емен (на заем)
[уреди | уреди извор]Лука Аџиќ извесно време бил позајмен на тимот од холанското првенство Емен. Тој постигнал гол на својот прв натпревар за тимот на Емен и тоа на 21 февруари 2020 година во натпреварот против екипата на Вилем II.[23]
ПЕЦ Цволе
[уреди | уреди извор]На 31 август 2021 година, Лука му се приклучил на холандскиот клуб ПЕЦ Цволе како слободен играч, за времетраење од една година со можност за уште една.[24]
Меѓународна кариера
[уреди | уреди извор]Лука Аџиќ бил повикан во фудбалската репрезентација на Србија до 18 години и одиграл неколку натпревари во 2015 година додека тренер бил Иван Томиќ.[25][26] Тој исто така бил член на репрезентацијата на Србија до 19 години во периодот на 2016 и 2017 година.[27][28] Лука го постигнал својот прв гол за тимот на Србија на пријателски натпревар против екипата на Бугарија, одигран на 21 февруари 2017 година.[29] Аџиќ својот прв повик во српскиот тим до 21 година го добил од страна на тренерот Горан Ѓоровиќ во август 2017 година.[30] Својот прв натпревар за тимот до 21 годишна возраст го имал на 1 септември 2017 година кога влегол во игра во 80та минута од натпреварот заменувајќи го Александар Месаровиќ, против екипата на Гибралтар.[31]
Статистика во кариерата
[уреди | уреди извор]Клуб
[уреди | уреди извор]- Обновено на 23 мaј 2018[32]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари и постигнати голови | Куп натпревари | Европски натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревар | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Црвена ѕвезда Белград | 2015–16 | Суперлига | 0 | 0 | 0 | 0 | - | - | 0 | 0 | ||
2016–17 | 7 | 2 | 3 | 0 | 0 | 0 | - | 10 | 2 | |||
2017–18 | 26 | 4 | 1 | 3 | 2 | 0 | - | 29 | 7 | |||
Вкупно | 33 | 6 | 4 | 3 | 2 | 0 | - | 39 | 9 | |||
Андерлехт | 2018–19 | Првата дивизија А | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Вкупно во кариерата | 33 | 6 | 4 | 3 | 2 | 0 | 0 | 0 | 39 | 9 |
Почести
[уреди | уреди извор]Клуб
[уреди | уреди извор]- Црвена ѕвезда Белград
- Српска Суперлига: 2017–18
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Лука е син на поранешниот фудбалер Иван Аџиќ [33] и внук на српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ.[34]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Adzic, Luka“. srbijafudbal.com (српски). Архивирано од изворникот на 31 March 2017. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Лука Аџић: Годину ћу памтити по првенцу против Металца“. Sportski žurnal (српски). 25 December 2016. Посетено на 25 December 2016.
- ↑ „Raosavljević o Adžiću: Izgleda da su ligamenti...“. mondo.rs (српски). 24 January 2016. Архивирано од изворникот на 2018-09-04. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Luka Adžić počeo sa treninzima“. B92 (српски). 13 May 2016. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Лука Аџић потписао уговор са Звездом: Једва чекам поново да заиграм“. Večernje novosti (српски). 3 March 2016. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Стојановић и Мичел поново са првотимцима“. Red Star Belgrade official website (српски). 22 November 2016. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Аџић и Милошевић дебитовали за Звезду“. Red Star Belgrade official website (српски). 26 October 2016. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „17.Kolo: Metalac - Crvena zvezda“. Serbian SuperLiga official website (српски). 26 November 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-29. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Zvezda mezila u Bačkoj, raspucani Boaći poručio Partizanu: Mislite i na mene (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 25 February 2017. Посетено на 25 February 2017.
- ↑ „Црвена звезда - Раднички Ниш 4:0 (1:0)“. Red Star Belgrade official website (српски). 21 May 2017. Посетено на 30 May 2017.
- ↑ „ALO! PREDSTAVLJA Top 10 Zvezdinih klinaca za budućnost“. Alo! (српски). 31 May 2017. Посетено на 26 June 2017.
- ↑ „Црвена звезда - Флоријана 3:0 (1:0)“. Red Star Belgrade official website (српски). 29 June 2017. Посетено на 3 July 2017.
- ↑ „KRAJ: Crvena zvezda – Partizan 0:0 (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 27 August 2017. Посетено на 27 August 2017.
- ↑ „Skloni se Miki, ume to i Adžinjo! (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 11 October 2017. Посетено на 11 October 2017.
- ↑ „Igralo se Zvezdino dete! (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 11 October 2017. Посетено на 11 October 2017.
- ↑ „Црвена звезда - Јавор 3:0 (2:0)“. Red Star Belgrade official website (српски). 17 February 2018. Посетено на 3 March 2018.
- ↑ „ПФК ЦСКА — Црвена Звезда — 1:0“. PFC CSKA Moscow official website (руски). 21 February 2018. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 3 March 2018.
- ↑ „Аџић - Награда за добар рад“. Red Star Belgrade official website (српски). 18 March 2018. Посетено на 19 March 2018.
- ↑ „Adžić i Radonjić povukli Zvezdin šampionski oroz: Još jedna pobeda i titula! (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 25 April 2018. Посетено на 25 April 2018.
- ↑ „Малер за Звезду, Аџић завршио сезоне“. Sportski žurnal (српски). 10 May 2018. Посетено на 10 May 2018.
- ↑ „Аџић иде у Андерлехт, Звезди 800.000 евра“. Sportski žurnal (српски). 15 May 2018. Посетено на 23 May 2018.
- ↑ „POTVRĐENO: Luka Adžić je Anderlehtov igrač“. mozzartsport.com (српски). 23 May 2018. Посетено на 23 May 2018.
- ↑ https://www.dvhn.nl/sport/article25380179.ece
- ↑ „PEC Zwolle trekt Luka Adzic aan“ (холандски). PEC Zwolle. 31 August 2021. Посетено на 30 September 2021.
- ↑ „Тoмић oбјавиo списак У-18 селекције за Јапaн“. Football Association of Serbia (српски). 7 July 2015. Посетено на 30 May 2017.
- ↑ „Репрезентација Србије до 18 година“ (PDF). fudbalpsiho@wordpress.com (српски). Посетено на 30 May 2017.
- ↑ „Кoсaнoвић изабрao oмлaдинце за прoвере у Грузији“. Football Association of Serbia (српски). 4 October 2016. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Репрезентација Србије до 19 година“ (PDF). fudbalpsiho@wordpress.com (српски). Посетено на 30 May 2017.
- ↑ „Обрадовић дебитовао победом,омладинци убедљиви у првој провери против Бугарске - 3:1 (3:0)“. Football Association of Serbia (српски). 21 February 2017. Посетено на 19 March 2017.
- ↑ „Промоција Горана Ђоровића и списак за меч са Гибралтаром“. Football Association of Serbia (српски). 22 August 2017. Посетено на 23 August 2017.
- ↑ „Dobar početak novih "orlića" - 4:0!“. mondo.rs (српски). 1 September 2017. Архивирано од изворникот на 2019-04-18. Посетено на 1 September 2017.
- ↑ Лука Аџиќ на soccerway
- ↑ „Лука Аџић: Тату сам гледао само на касетама, није био лош“. Večernje novosti (српски). 25 October 2015. Посетено на 26 November 2016.
- ↑ „Mlad, lep i perspektivan: Ovo je unuk Šabana Šaulića“. svet.rs (српски). 16 May 2016. Посетено на 1 December 2016.