Прејди на содржината

Лукреција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Смртта на Лукреција (1500) од сликарот Сандро Ботичели

Лукреција е полулегендарна историска фигура од периодот на Римската Република. Според приказната на римскиот историчар Тит Ливиј, таа била силувана од синот на римскиот цар. По овој нејзин чин на јавно посрамотување и жигосување, Лукреција се самоубила, што бил и еден од главните поводи за настанатата револуција против повеќе вековната монархија и за воспоставување на новата Република.

Според мислењето на историчарите, со овој јавен скандал била прелеана чашата на незадоволство кај народот. Луѓето биле револтирани од тиранијата на последниот римски цар Луциј Тарвиниј Великиот, и одлучно побарале коренити промени во управувањето на државата. Владетелот побегнал од Рим заедно со неговото семејство, а оваа институционална криза била повод за Етрурците и Латините да ја нападнат Римското Царство. Побогатите римски семејства ја презеле власта во свои раце и успешно го организирале отпорот против надојдените освојувачи.

Овој мит бил инспирација за многу ренесансни сликари и музичари да создадат врвни уметнички дела. Иако сите тие епохални остварувања од областа на уметноста му дале фантастична димензија на настанот, историчарите се едногласни дека ликот на Лукреција бил вистинит, без оглед на тоа што многу детали од нејзиниот живот биле непознати или пак неразјаснети.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
  • Дионизиј Халикарнаски; Ернест Кари (превод); Вилијам Таер (издавач) (1939, 2007). „Четврти том, страници 64-85“. Roman Antiquities. Loeb Classical Library. Cambridge MA, Chicago: Harvard University, University of Chicago. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • Ливиј, Тит. „Прв том, страници 57-60“. Ab urbe condita.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]