Прејди на содржината

Луј Жаколио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луj Жаколио
Роден/а31 октомври 1837(1837-10-31)
Шарол, Франција
Починат/а30 октомври 1890(1890-10-30) (возр. 52)
Сент Трибо де Вин, Франција
Занимањеписател.
Јазикфранцуски
НационалностФранцузин
Жанравантуристички роман, патопис

Луj Жаколио (француски: Louis Jacolliot, роден на 31 октомври 1837 во Шарол - починал на 30 октомври 1890 во Сент Трибо де Вин) — француски писател на популарни романи во жанрот авантуристички роман и патопис.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Луј Жаколио е роден на 31 октомври 1837 година во Шарол, Франција, во семејството на Жан Клод Жаколио и Франсоа Рено.

Завршил право и во периодот 1865-1869 година работел за Француското Царство, прво како адвокат, а потоа како судија во Чанданагор, Индија, а потоа и во Тахити. Подоцна се вратил во Франција, каде започнал да пишува и прави различни патувања до земјите во Азија и Америка.

На 30 јануари 1867 година во Индија се оженил за Маргарет Феј. Двајцата живееле заедно до нејзината смрт во 1884 година. Тие имале две ќерки - Сузан (1878) и Луиз (1879).

За време на својата работа во Индија тој се запознал детално со историјата на регионот, со многуте легенди, писмени и усни, со живата култура на народите, ги изучувал локалните јазици. Освен тоа тој проучувал и голем број митови опишани во текстови на санскрит. Целиот овој материјал кој го проучувал подоцна го напишал преку своите романи.

Во некои од своите дела писателот развил теорија за исчезнатиот континент во регионот на Индискиот Океан, наречен „Рутас“, и неговата аналогија со мистериозниот континент Атлантида, каде раскажувал за непознатото подземно царство во Хималаите. Тој ја развил хипотезата дека евагелијата од Стариот завет се поврзани со историјата на Индија. Исто така направил и аналогија со животописот за Христос и оној на Кришна. Поради овие негови тврдења тој не се смета за сигурен автор по однос на историските податоци во неговите книги.

Освен на авантуристички романи и патописи, Луј Жаколио е автор на бројни статии за индиската култура. Работел и како градоначалник на Сент Трибо де Вин.

На 16 октомври 1886 година во Париз се оженил за 20 години помладата од него Александрин Гросин, со која живеел до својата смрт.

Луј Жаколио починал на 30 октомври 1890 година во Сент Трибо де Вин, Франција.

  • La Devadassi (1868)
  • La Bible dans l'Inde, ou la Vie de Iezeus Christna (1869)
  • Les Fils de Dieu (1873)
  • Christna et le Christ (1874)
  • Histoire des Vierges. Les Peuples et les continents disparus (1874)
  • La Genèse de l'Humanité. Fétichisme, polythéisme, monothéisme (1875)
  • Le Spiritisme dans le monde (1875)
  • Les Traditions indo-asiatiques (1876)
  • Les Traditions indo-européennes et africaines (1876)
  • Le Pariah dans l'Humanité (1876)
  • Les Législateurs religeux : Manou, Moïse, Mahomet (1876)
  • La Femme dans l'Inde (1877)
  • Rois, prêtres et castes (1877)
  • L'Olympe brahmanique. La mythologie de Manou (1881)
  • Fakirs et bayadères (1904)
  • Voyage au pays des Bayadères (1873)
  • Voyage au pays des perles I (1874)
  • Voyage au pays des éléphants II (1876)
  • Second voyage au pays des éléphants III (1877)
  • Voyage aux ruines de Golconde et à la cité des morts – Indoustan I (1875)
  • Voyage au pays des brahmes II (1878)
  • Voyage au pays du Hatschisch III (1883)
  • Voyage au pays de la Liberté : la vie communale aux États-Unis (1876)
  • Voyage aux rives du Niger, au Bénin et dans le Borgou I (1879)
  • Voyage aux pays mystérieux. Du Bénin au pays des Yébous ; chez les Yébous – Tchadé II (1880)
  • Voyage au pays des singes III (1883)
  • Voyage au pays des fakirs charmeurs (1881)
  • Voyage au pays des palmiers (1884)
  • Voyage humoristique au pays des kangourous I (1884)
  • Voyage dans le buisson australien II (1884)
  • Voyage au pays des Jungles. Les Femmes dans l'Inde (1889)
  • Trois mois sur le Gange et le Brahmapoutre. Ecrit par Madame Louis Jacolliot née Marguerite Faye (1875)
  • Taïti, le crime de Pitcairn, souvenirs de voyages en Océanie (1878)
  • La Côte d'Ebène. Le dernier des négriers I (1876)
  • La Côte d'Ivoire. L'homme des déserts II (1877)
  • La Cité des sables. El Temin III (1877)
  • Les Pêcheurs de nacre IV (1883)
  • L'Afrique mystérieuse I, II, III (1877) ; I,II, III, IV (1884)
  • Les Mangeurs de feu (1887)
  • Vengeance de forçats (1888)
  • Les Chasseurs d'esclaves (1888)
Корица од романот
„Le Coureur des jungles“
  • Le Coureur des jungles (1888)
  • Les Ravageurs de la mer (1890)
  • Les Mouches du coche (1880)
  • Le Crime du moulin d'Usor (1888)
  • L'Affaire de la rue de la Banque. Un mystérieux assassin (1890)
  • Scènes de la vie de mer. Le capitaine de vaisseau (1890)
  • Scènes de la vie de mer. Mémoires d'un lieutenant de vaisseau (1891)
  • L'Affaire de la rue de la Banque. Le Père Lafouine (1892)
  • La vérité sur Taïti. Affaire de la Roncière (1869)
  • Ceylan et les Cinghalais (1883)
  • La Genèse de la terre et de l'humanité I (1884)
  • Le Monde primitif, les lois naturelles, les lois sociales II (1884)
  • Les Animaux sauvages (1884).
  • Un Policier de génie. Le mariage de Galuchon (1890)
  • Perdus sur l'océan (1893)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]