Македонски пасош
Македонски пасош | |
Предни корици на петте варијанти на македонскиот биометриски пасош
| |
Првата страница на македонски биометриски пасош
| |
Издава | Македонија |
Тип | пасош |
Намена | препознавање |
Услови за добивање | македонско државјанство |
Истек | 5 години за возраст до 27 г, 10 години за лица на 27 г. и постари. 2 години за деца до 4 г. |
Македонскиот пасош е патна исправа која се издава на граѓаните на Република Македонија со цел да послужи за меѓународно патување. Важноста на пасошот е 5 години за лица под 27 години, и 10 години за лица над 27 години. За деца под четири години важноста на пасошот е ограничена на две години. Македонските пасоши се придржуваат кон препорачаните стандарди (т.е., големина, композиција, изглед, технологија) на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IATA). Најновите македонски пасоши се биометриски пасоши.
Видови пасош
[уреди | уреди извор]Карта на визен режим
[уреди | уреди извор]Од ноември 2022 година, граѓаните на Македонија имат безвизен или визен пристап при пристигнување во 127 земји и територии, рангирајќи го македонскиот пасош на 39-то место во светот во однос на слободата на патување.
Визен режим за носителите на македонски пасош
[уреди | уреди извор]Визен режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави.
Европа
[уреди | уреди извор]- Европска Унија 90 дена
- Азербејџан 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
- Албанија 90 дена
- Босна и Херцеговина 3 месеци
- Косово
- Грузија (визата се издава при пристигнувањето)
- Ерменија 21 ден (визата се издава при пристигнувањето)
- Србија 60 дена
- Турција 60 дена
- Црна Гора 60 дена
Африка
[уреди | уреди извор]
|
Америка
[уреди | уреди извор]
|
Азија
[уреди | уреди извор]
|
Океанија
[уреди | уреди извор]
|
Историја
[уреди | уреди извор]Дизајнот и содржината на македонските пасоши се менувале со текот на годините. Првите пасоши биле издадени во 1991 и биле сини со натпис со сребрена боја, без македонскиот државен грб. Втората генерација на македонски пасоши имала златен натпис на корицата, а третата генерација го содржела и грбот на државата. Првите три генерации имале напишано само „Република Македонија“ и соодветниот превод на англиски „Republic of Macedonia“ на корицата.
Најновите, пасошите од четвртата генерација ја промениле својата боја во црвена, а исто така бил додаден и францускиот превод на официјалното име на републиката - „Republique De Macedoine“, како и натписот „Passeport“ под државниот грб. Пасошот е биометрички и содржи РФИД. Намената на овие чипови е складирање на биометрички и други податоци, кои може да се прочитаат од чипот. Издадените небиометрички се важечки сѐ до датумот на истекување на нивната важност.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- Република Македонија, Министерство за Надворешни Работи, Конзуларни Служби - Визни Режими
- Делта визни и пасошки информации (англиски)
- Република Македонија, Министерство за Внатрешни Работи, Патнички Документи и Закон за Пасоши Архивирано на 5 декември 2008 г.
- Република Македонија, Министерство за Внатрешни Работи, Формулар за Аплицирање за Пасош Архивирано на 21 септември 2008 г.
- Република Македонија, Министерство за Внатрешни Работи, Процедури за Аплицирање за Пасош[мртва врска]