Малајски јазици
Малајски | |
---|---|
Географска распространетост: | Југоисточна Азија |
Класификација: | австронезиски
|
Гранки: |
ибанска (малајски дајачки)
|
Карта на малајските јазици |
Малајски јазици — гранка на австронезиското семејство. Во неа спаѓаат малајскиот — државен јазик на Малезија, Брунеј и Индонезија; минангкабајскиот во централна Суматра и ибанскиот во северно Борнео.
Се смета дека прататковината на малајските е западно Борнео, каде изворно се задржале ибанските јазици. Потесната група на малајски јазици претставува второстепено расчленување, веројатно од централна Суматра, а можеби и исто така од Борнео.[1]
Извесно време постоела несигурност за припадноста на дајачките јазици, но денес е утврдено дека некои од нив се малајски, а некои не. Меѓу малајските дајачки се вбројува ибанскиот, кој понекогаш се смета за групна целина, говорена од Ибанците (Морските Дајаци), а понекогаш за група. Другите дајачки јазици, наречени копненодајачки, се застапени во северозападниот агол на Калимантан, помеѓу ибанските и потесните малајски.
Јазици
[уреди | уреди извор]- потесни малајски јазици (минангкабајски, малајски)
- ибански јазици или малајски дајачки (ибански и сродните говори)
- ураклавојски
Неколку ибански јазици are also sometimes placed separately in Malayic.
Класификација
[уреди | уреди извор]Аделар (1993) ги дели малајските јазици на следниов начин.[2]
- прамалајски
Меѓутоа, Нотхофер (1988) ја дава следнава класификација.
Реконструкција
[уреди | уреди извор]Фонологија
[уреди | уреди извор]Прамалајскиот имал вкупно 19 согласки и 4 самогласки (Adelaar 1992:102).
Уснени | Венечни | Предно- непчени |
Задно- непчени |
Гласилни | ||
---|---|---|---|---|---|---|
Избувни | безвучни | p | t[3] | c | k | ʔ |
звучни | b | d | ɟ | ɡ | ||
Носни | m | n | ɲ | ŋ | ||
Струјна | s | h | ||||
Течни | l | ʀ | ||||
Приближни | w | y |
Висина | Предни | Средни | Задни | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Затворени | i /i/ | u /u/ | |||||
Средни | ə /ə/ | ||||||
Отворени | a /a/ |
Има два 2 дифтонга:
- *-ay
- *-aw
Морфологија
[уреди | уреди извор]Прамалајските лексеми се претежно двосложни, но некои се едно-, три- или четирисложни. Лексемите го имаат следниов слоговен состав (Adelaar 1992:102):
* [Сг См (Н)] [Сг См (Н)] [Сг См (Н)] Сг См Сг
- Напомена: Сг = согласка, См = самогласка, Н = носна
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ The Austronesians: historical and comparative perspectives. Peter Bellwood, James J. Fox, Darrell Tryon. ANU E Press, 2006. ISBN 1-920942-85-8, ISBN 978-1-920942-85-4
- ↑ Adelaar, K. Alexander. 1993. The Internal Classification of the Malayic Subgroup. Bulletin of the School of Oriental and African Studies, University of London, Vol. 56, No. 3 (1993), pp. 566-581.
- ↑ /t/ е наведена како забна во Adelaar (1992).
Наводи
[уреди | уреди извор]- Adelaar, K. Alexander. 1992. Proto-Malayic: The Reconstruction of its Phonology and Parts of its Lexicon and Morphology. Pacific Linguistics, Series C, no. 119. Canberra: Dept. of Linguistics, Research School of Pacific Studies, the Australian National University.
- Adelaar, K. Alexander. 1993. The Internal Classification of the Malayic Subgroup. Bulletin of the School of Oriental and African Studies, University of London, Vol. 56, No. 3 (1993), pp. 566–581.
- Nothofer, Bernd. 1975. The reconstruction of Proto-Malayo-Javanic. (Verhandelingen van het KITLV, 73.) The Hague: Nijhoff.
- Nothofer, Bernd. 1988. "A discussion of two Austronesian subgroups: Proto-Malay and Proto-Malayic." In Mohd. Thani Ahmad and Zaini Mohamed Zain (eds.) 1988. Rekonstruksi dan cabang-cabang Bahasa Melayu induk, pp. 34–58. Siri monograf sejarah bahasa Melayu. Kuala Lumpur: Dewan Bahasa dan Pustaka.