Мали Сундски Острови
Kepulauan Nusa Tenggara Kepulauan Sunda Kecil | |
---|---|
Географија | |
Место | Југоисточна Азија Југозападен Тихи Океан |
Координати | 9°00′S 120°00′E / 9.000° ЈГШ; 120.000° ИГД |
Архипелаг | Сундски Острови |
Највисоко место | 3,726 м |
Држава | |
Покраини | Бали Западни Мали Сундски Острови Источни Мали Сундски Острови Малуку (само островите Барат Даја и Танимбар) |
Мали Сундски Острови или Мали Сунди (индонезиски: Kepulauan Nusa Tenggara „југоисточен архипелаг“[1] или Kepulauan Sunda Kecil „мал сундски архипелаг“[2]) — архипелаг во Југоисточна Азија, северно од Австралија. Заедно со Големите Сундски Острови (на запад) на образуваат поголемата група на Сундските Острови. Островите се дел од вулканскиот лак наречен Сундски Лак, настанат по пат на подвлекување долж Сундскиот Ров во Јаванското Море.
Најголеми острови во архипелагот (од запад кон исток) се: Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес, Сумба, Тимор, Алорските Острови, Барат Даја и Танимбар.
Управа
[уреди | уреди извор]Највеќето острови се во состав на Индонезија, и тоа покраините Бали, Западни Мали Сундски Острови, Источни Мали Сундски Острови и јужниот дел на Малуку. Источната половина на Тимор му припаѓа на Источен Тимор.
Геологија
[уреди | уреди извор]Малите Сундски острови во геолошки поглед се делат на два архипелага.[3] Северниот архипелаг, во кој влегуваат Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес и Ветар е од вулканско потекло. Некои вулкани се активни и денес, а други се згаснати веќе подолго време. Пример за првите е Ринџани на Ломбок, а пример за вторите е Келимуту на Флорес, со трите разнобојни кратерски езера. Северниот архипелаг настанал за време на плиоценот пред околу 15 милиони години како последица од судирот помеѓу Австралиската и Азиската Плоча.[3] Островите на јужниот архипелаг како што се Сумба, Тимор и Бабарските Острови се невулкански, и ѝ припаѓаат на Австралиската Плоча.[4] Геологијата и екологијата на северниот архипелаг дели доста сличности со јужните Молучки Острови, кои го продолжуваат истиот островски лак кон исток.
Екологија
[уреди | уреди извор]Групата се состои од поголем број мали острови, напати поделени со длабоки океански ровови. Размената на растителниот и животинскиот свет помеѓу нив е ограничена, што довело до висок степен на автохтоност на видовите, меѓу кои најпознат е комодскиот варан (Varanus komodoensis).[5] Според Алфред Волес (Малајскиот Архипелаг), меѓу Бали и Ломбок минува т.н. Волесова Линија, која се протега по длабоките води на Ломбочкиот Проток, образувајќи водна препрека дури и во далечното минато, кога островите биле копнено поврзани поради пониското морско ниво. Островите источно од протокот се дел од биогеографското подрачје Волесија, и имаат флора и фауна од азиско и австралазиско потекло.[6] На Малите Сундски Острови преовладуваат азиските видови; источно од групата се протега Веберовата Линија, која ја отцртува границата помеѓу деловите од Волесија со претежно азиски и претежно австралазиски видови. Овие острови се одликуваат со најсува клима во Индонезија.
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bijdragen tot de taal-, land- en volkenkunde / Journal of the Humanities and Social Sciences of Southeast Asia. Brill Publishers. 2011. ISBN 9789790644175. Архивирано од изворникот на 2016-03-04.
- ↑ „Badak Sunda dan Harimau Sunda“. "[...] Mr. M. Yamin yang pada 1950-an ketika menjadi Menteri P.P. dan K. mengganti istilah Kepulauan Sunda Kecil menjadi Kepulauan Nusa Tenggara. Sebab, istilah Kepulauan Sunda Kecil diganti dengan Kepulauan Nusa Tenggara, maka istilah Kepulauan Sunda Besar juga tidak lagi digunakan dalam ilmu bumi dan perpetaan nasional Indonesia – meskipun dalam perpetaan Internasional istilah Greater Sunda Islands dan Lesser Sunda Islands masih tetap digunakan." - Ajip Rosidi: Penulis, budayawan. Pikiran Rakyat, 21 August 2010. Архивирано од изворникот на 2015-07-08. Посетено на 7 July 2015.
- ↑ 3,0 3,1 Audley-Charles, M.G. (1987) "Dispersal of Gondwanaland: relevance to evolution of the Angiosperms" In: Whitmore, T.C. (ed.) (1987) Biogeographical Evolution of the Malay Archipelago Oxford Monographs on Biogeography 4, Clarendon Press, Oxford, pp. 5–25, ISBN 0-19-854185-6
- ↑ Veevers, J.J. (1991) "Phanerozoic Australia in the changing configuration of ProtoPangea through Gondwanaland and Pangea to the present dispersed continents" Australian Systematic Botany 4: pp. 1–11
- ↑ Monk, K.A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 9. ISBN 962-593-076-0.
- ↑ Monk (1996), page 4
Литература
[уреди | уреди извор]- Monk, K.A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. ISBN 962-593-076-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мали Сундски Острови на Ризницата ?
- Мали Сундски Острови — Википатување (англиски)
|
9°00′S 120°00′E / 9.000° ЈГШ; 120.000° ИГД
|