Прејди на содржината

Мејнстрим Топ 40 (Поп Песни)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Мејнстрим Топ 40 (Mainstream Top 40) е ерплеј табела од магазинот Билборд, а исто така е позната како Поп Песни (Pop Songs) на billboard.com. Честопати е сметана како веќе прекинатата Поп 100 Ерплеј табела. Со оглед на тоа дека Топ 40 Меинстрим и Поп 100 ерплеј табелите го мерат ерплејот на песните одиграни на Меијстрим станици со поп-ориентирана музика, Поп 100 Ерплеј (како и Хот 100 ерплеј) го мери ерплејот врз основа на статистички впечатоци, додека Топ 40 Мејнстрим табелата се користи за вкупниот број на детекции. Arbitron понекогаш се однесува на форматот како Pop Contemporary Hit Radio.

Ријана е првиот артист со најмногу #1 синглови - осум. Лејди Гага и Пинк се на второто место со седум број-еден синглови. Бијонсе, Мараја Кери, Кети Пери и Џастин Тимберлејк се на третото место, со шест број-еден синглови. Бритни Спирс, Џенифер Лопес, Аврил Лавињ и Нели се на четвртото место со пет број-еден синглови,[1] со Boyz II Men, Ace of Base, The Black Eyed Peas и 3 Doors Down како најуспешни бендови со 3 број-еден синглови. JoJo кога имал тринаесет, станал најмладиот соло артист кој имал број-еден сингл во САД, кога „Leave (Get Out)“ се искачил на #1. Лејди Гага е првиот артист чии први шест синглови се искачиле на #1 последователно.

Критериуми на табелата

[уреди | уреди извор]

Има 40 позиции на табелата кои се засновани само на радио ерплеј. 132 Топ 40 Мејнстрим радио станици се електронски следени 24 часа дневно, седум дена во неделата од страна на Nielsen Broadcast Data Systems.

  1. Билборд Магазин Лејди Гага, Бијонсе Го Израмнуваат Рекордот на Мараја. Пристапено на 17 март 2010

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]