Прејди на содржината

Милорад Улемек Легија

Од Википедија — слободната енциклопедија


Милорад Улемек Луковиќ Легија (роден 15 март 1968 година во Белград) е еден од главните организатори за убиствата на поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, поранешниот претседател на претседателството на Србија Иван Стамболиќ, членовите на СПО на Ибарската магистрала и многу друѓи имиња за кои сѐ уште не се расчистени.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Легија е една од богатата палета контроверзи личности во балканскиот регион. Роден е во 1968 година во Белград, по потекло е од Кордун. Уште како млад бил многу проблематичен. Неговиот татко бил подофицер во ЈНА, а мајка му била домаќинка. Завршил курс за автомехаичар и матурирал во медицинско училиште. Во осумдесеттите години отишол во Лондон наводно да го учи англискиот јазик, но што точно правел таму, до денес е тајна. По неуспешната пљачка во 1985 година побегнал во Франција и на 10 април 1986 година пристапил во Француската Легија на станиците (од каде што му е и прекарот), а под француското знаме се борел во Чад, Либија, Бејрут, Либан, Француска Гвајана... Бил и во Заливската војна на почетокот од деведесеттите, по што се вратил во Југославија на покана од Аркан. Веднаш заминал во Ердут за да ги обучува српските доброволци. Потоа е инструктор и на војската на Република Српска.

Српска доброволна гарда

[уреди | уреди извор]

Легија се вратил во Србија на почетокот на југословенската војна и веднаш пристапил кон Српската доброволна гарда (Тигрите на Аркан), паравоена формација која подоцна станала многу попозната по своите злосторства. Најпрвин бил инструктор а подоцна бил унапреден во една од заповедничките гарди и заедно со Аркан)се борел во Хрватска и Босна и Херцеговина. Аркан и командантот на специјалните српски полициски сили, генералот Радован Стојичиќ - Баџа (кој во средината на деведесеттите е ликвидиран во центарот на Белград од непознати сторители), имале неограничена доверба во Легија. По наредба на шефот на тајната полиција Јовица Станишиќ, Легија е префрлен во командата на ЈСО (Единицата за специјални операции). Оваа единица има симптоматична историја.

Црвени беретки

[уреди | уреди извор]

Кога Тигрите биле распуштени во 1996 година, Легија стапил во Единицата за спесијални операции, служба за државна безбедност позната како Црвени Баретки. Во прв план, црвените баретки биле основани како една антитерористична единица, за да подоцна се заклучи дека тие всушност биле претставници на гардата на Слободан Милошевиќ. Во 1999 година, Легија станал командант на Црвените Баретки.

Во војната во Косово, Легија бил командант на бојното поле. Зад себеси има оставени бројни остварени злосторства. Така на пример, осуден е за умешеност во убиството на поранешниот претседател на претседателството на Србија, Иван Стамболиќ како и многу обиди за атентати.

По наредба на Станишиќ, на почетокот од 1999 година Легија е поставен за командант на Црвените беретки. Полковникот Легија и припадниците Црвените беретки ја изведоа и деликатната операција за апсење на бившиот југословенски претседател Милошевиќ. Тие и Легија привлекоа големо внимание на 5 октомври 2000 година, кога одбија да интервенираат против демонстрантите на Ѓинѓиќ. Така по падот на Слободан Милошевиќ, единицата Црвени беретки не се расформира, но по убиството на тогашниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, на 25 март 2003 година единицата е расформирана со одлука на владата на Република Србија.

Легија во притвор

[уреди | уреди извор]

По повеќе од три години од судењето, на 23 мај 2007 година Легија е осуден на 40 години затвор поради убиството на Зоран Ѓинѓиќ на 12 март 2003 година. Во јуни 2005 година, Легија е осуден на 15 години затвор поради умешеност во смртта на четрите членови на Српското движење за обнова во сообраќајната несреќа на иберскиот магистрален пат како и обид за убиство на Вук Драшковиќ во Будва 2000 година.

Занимливости

[уреди | уреди извор]
  • Пред неколку години го зел и презимето на својата сопруга Луковиќ
  • Објавил и четири книги „Железен ров“, „Легионар“, „Деца од Бразил“ и „Јуда: Љубов за пријателите“