Мохамед Диаме
Мохамед Диаме | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 14 јуни 1987 | ||
Роден во | Кретил, Франција | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | дефанзивен среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Њукасл Јунајтед | ||
Број | 15 | ||
Младинска кариера | |||
Ланс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005-2007 | Ланс Б | 83 | (11) |
2007-2008 | Линарес | 2 | (0) |
2008-2009 | Рајо Валјекано | 12 | (0) |
2008-2012 | Виган Атлетик | 96 | (5) |
2012-2014 | Вест Хем Јунајтед | 71 | (7) |
2014-2016 | Хал Сити | 50 | (13) |
2016- | Њукасл Јунајтед | 22 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2011- | Сенегал | 32 | (1) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Мохамед Диаме исто така познат како Момо Диаме (роден на 14 јуни 1987) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на англискиот клуб Њукасл Јунајтед и на сенегалската репрезентација.
Иако е роден во Франција, Диаме избрал на репрезентативно ниво да ја претставува сенегалската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Роден во Кретил, Диаме ја започнал својата професионална кариера во 2003 година со екипата на Ланс, но тој го напуштил клубот четири години подоцна, откако се соочувал со здравствени проблеми. По целосното закрепнување, тој потпишал за шпанскиот нисколигаш Линарес во 2007 година, а следната година се преселил во Рајо Валјекано, помагајќи му на клубот од Мадрид да стигне до средината на табелата во Сегунда дивисион, откако избориле промоција сезона пред тоа. Во текот на неговото време во Рајо било објавено дека екипите од Примера Дивисион, гигантите Реал Мадрид и Барселона биле заинтересирани за ангажирање на Диаме во својте редови, како и Премиер лигашот Арсенал.
Виган Атлетик
[уреди | уреди извор]Во август 2009 година, Диаме го комплетирал својот трансфер во Премиер лигата откако потпишал за екипата на Виган Атлетик, за кого клубот исплатил 3.800.000 евра на екипата на Рајо, во договор во кој исто така, бил вклучен одбранбениот играч на Латикс Антонио Амаја, кој заминал во спротивен правец од Диаме. Трансферот претходно привремено бил ставен на чекање, по наводните проблеми со срцето кој му биле пронајдени. Диаме го направил своето деби на истиот ден кога го завршил неговиот трансфер, во поразот со 5-0 на неговиот нов тим од Манчестер Јунајтед. Тој го постигна својот прв гол за Виган против Сандерленд на 6 февруари 2010 година. По крајот на сезоната 2011-2012 тој беше ослободен од Виган и станал слободен играч во летото.
Вест Хем Јунајтед
[уреди | уреди извор]На 20 јуни 2012 тој потпишал три-годишен договор со Вест Хем Јунајтед. По доаѓањето во клубот одбрал да го носи дресот со број 21., кој претходно го носел неговиот сонародник Папа Буба Диоп. Диаме го направил своето деби за Вест Хем на 18 август 2012 година во победата со 1-0 над Астон Вила. Својот прв гол за чеканите го постигнал во поразот со 3-1 од Арсенал на 6 октомври 2012 година. Вкупно за клубот одиграл 79 натпревари и постигнал 7 гола.
Хал Сити
[уреди | уреди извор]На 1 септември 2014, Диаме потпишал три-годишен договор со Хал Сити. Две недели подоцна, го направил своето деби за клубот на Кеј-Си стадионот, постигнувајќи еден од головитепротив својот поранешен клуб Вест Хем Јунајтед во ремито 2-2.
На 28 мај 2016, Диаме го постигнал единствениот гол со кој Хал го совладал Шефилд Венздеј со 1-0 во финалето на плејофот на Чемпионшип лигата и успеал да избори промоција во Премиер лигата веднаш откако испаднале во претходната сезона.
Њукасл Јунајтед
[уреди | уреди извор]На 3 август 2016, потпишал три-годишен договор со Њукасл Јунајтед.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]На 22 март 2011 година, Диаме бил повикан да игра за селекцијата на Сенегал, за која имал квалификации бидејќи неговиот татко е роден во Дакар Диаме го направил своето репрезентативно деби подоцна во месецот.
Во јули 2012 година, Диаме беше најавен како еден од трите играчи кој ја надминуваат старосната границата за настап на ЛОИ 2012 во Сенегалскиот тим. Диаме играше во сите четири натпревари (три во групната фаза и во четвртфиналето) на својата репрезентација, но Сенегал испадна во четвртфиналето каде беа поразени од Мексико со 4-2 по продолженија.
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2005-2006 | Ланс Б | АШФ | 28 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 28 | 1 |
2006-2007 | АШФ | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
Вкупно Ланс Б | 28 | 1 | - | - | - | - | - | - | 28 | 1 | |||||
2007-2008 | Линарес | 2ªБ | 31+1 | 1+0 | КШ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 33 | 2 |
2008-2009 | Рајо Валјекано | 2ª | 35 | 1 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 1 |
2009-2010 | Виган Атлетика | ПЛ | 34 | 1 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 1 |
2010-2011 | ПЛ | 36 | 1 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 2+0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 3 | |
2011-2012 | ПЛ | 26 | 3 | ФАКуп+ЛК | - | - | - | - | - | - | - | - | 26 | 3 | |
Вкупно Виган Атлетик | 96 | 5 | 7 | 2 | - | - | - | - | 103 | 7 | |||||
2012-2013 | Вест Хем Јунајтед | ПЛ | 33 | 3 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 3 |
2013-2014 | ПЛ | 35 | 4 | ФАКуп+ЛК | 0+6 | 0 | - | - | - | - | - | - | 41 | 4 | |
авг. 2014 | ПЛ | 3 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 | |
Вкупно Вест Хем Јунајтед | 71 | 7 | 8 | 0 | - | - | - | - | 79 | 7 | |||||
авг. 2014-2015 | Хал Сити | ПЛ | 12 | 4 | ФАКуп+ЛК | - | - | - | - | - | - | - | - | 12 | 4 |
2015-2016 | ЧЛ | 38+3 | 9+1 | ФАКуп+ЛК | 1+3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 45 | 10 | |
Вкупно Хал Сити | 50 | 13 | 4 | 0 | - | - | - | - | 54 | 13 | |||||
2016-2017 | Њукасл Јунајтед | ЧЛ | 22 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+4 | 0+3 | - | - | - | - | - | - | 26 | 5 |
Вкупно во кариерата | 333 | 30 | 26 | 6 | - | - | - | - | 359 | 36 |