Мраморен регион
Мраморниот регион (турски: Marmara Bölgesi) е еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција. Со површина од 67.000 км2, ова е најмалиот регион во земјата, но едновремено е најгусто населениот. Опфаќа околу 8,6% од површината на државата, а во него живее 30% од населението.
Регионот е основан на Географскиот конгрес во Анкара во 1941. Географски се дели на четири дела. Наречен е по Мраморното Море (Мармара), кое пак го носи името на островот Мармара.
Покраини
[уреди | уреди извор]- Баликесир
- Бурса
- Истанбул
- Јалова
- Коџаели
- Лозенград (Кркларели)
- Одрин (Едрене)
- Сакарија
- Текирдаг
- Чанаккале
Географија
[уреди | уреди извор]Во регионот се протегаат Јилдиските Планини и планината Улудаг (Мал Олимп). Во Егејот се наоѓаат островите Ѓокчеада и Бозкада, а во Мраморното Море се островите Мармара, Авша, Пашалиман, Имрал и Принцевските Острови (во состав на Инстанбул).
Клима
[уреди | уреди извор]Измит
Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
95
10
3
|
77
10
3
|
71
13
5
|
56
18
9
|
45
23
13
|
50
28
17
|
43
29
19
|
53
29
19
|
51
26
16
|
92
21
13
|
89
16
8
|
107
12
5
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм Извор: Државна метеоролошка служба [1] |
Регионот има мешана средоземно-влажна суптропска клима на егејското крајбрежје и југот на мраморното крајбрежје, океанска клима на црноморското крајбрежје и умереноконтинентална клима во внатрешноста. Летата се топли до врели, влажни до умерено суви, а зимите се студени и влажни, понекогаш со врнежи од снег.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Голјака, Бурса Архивирано на 16 јуни 2021 г. (турски)