Народноослободителен партизански одред „Дримкол“
Партизански одред „Дримкол“ | |
---|---|
Активна | август 1943 - октомври 1944 |
Битки | НОБ |
Народноослободителен партизански одред „Дримкол“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија, формирана од Штабот на Втората оперативна зона. Некаде се споменува и како партизански баталјон „Дримкол“, во првт половина на август 1943 година. [1]
Дејност
[уреди | уреди извор]Одредот е формиран во текот на втората половина на август 1943 година во месноста Свети Спас кај Вевчани,[1] од 20 борци, претежно од албанска националност. Неговата главна задача била да дејствува меѓу Албанците, за да ја разобличи големоалбанската пропаганда меѓу албанското население, за формирање НОО и примање нови борци. Борбените дејства главно биле насочени со напади на транспортната линија Струга-Дебар. Еден дел од одредот се спојува со Првата македонско-косовска ударна бригада во текот на октомври 1944 година, во кичевското село Дворци.[2]