Прејди на содржината

Свети Наум Охридски Чудотворец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Наум Охридски)
Св. Наум Охридски Чудотворец
Икона на св. Наум Охридски
Роден(а) ок. 830,
Починал(а) 23 декември 910, Охрид, Прво Бугарско Царство (денес Македонија)
Почитуван(а) во Источната православна црква
Слава 20 мај (Грегоријански календар), 3 јули (Јулијански календар) и 23 декември (Грегоријански календар), 5 јануари (Јулијански календар)

Свети Наум Охридски Чудотворец (о. 830 - 23 декември 910) — средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета. Денес неговите мошти се изложени во по него наречениот манастир „Св. Наум“.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Манастирот „Св. Наум Охридски“ на брегот на Охридското Езеро

Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Првото Бугарско Царство, каде го поминал остатокот од својот живот. Првично тој живеел во престолнината Велики Преслав, каде се приклучил во работата на Преславската книжевна школа. Подоцна Наум заминал во Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.[1]

Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде работел како учител од 886 до 893 година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј, во 893 година, кога Климент бил назначен од бугарскиот цар Борис I за словенски епископ во Дрембица и Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство.[1]

Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. На св. Наум Охридски му се припишуваат делата:

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.[1]

Култот на св. Наум

[уреди | уреди извор]
Светите Седмочисленици од црквата на манастирот Св Наум, Охрид, 1806

Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за светец, поради чудата кои се случувале на неговиот гроб и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во Македонија, како и во Бугарија, Албанија и Грција.

Во посланието на охридскиот архиепископ Јосиф од 21 мај 1740 година се вели дека „чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“. Сепак, првите легенди и преданија за неговите чуда биле објавени во втората половина на 19 век. Во 1925 година, српскиот епископ во Охрид, владиката Николај, издал книшка со триесет чуда, преданија и кажувања за св. Наум, пишувајќи дека „Св. Наум е почитуван и живее како опомена и совест во душите на луѓето“. Во една легенда се вели дека охридскиот цар му го изградил манастирот на св. Наум, додека во друга легенда, запишана од Бранислав Нушиќ, се вели дека манастирот бил царски дворец кој св. Наум го добил како подарок за излекувањето на царската ќерка.[2]

Свети Наум како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]
Споменикот на Св. Наум Охридски во центарот на Охрид
  • „Послушај како чука срцето на свети Наум“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1963 година.[3]
  1. 1,0 1,1 1,2 Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, Дневник, година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.
  2. Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, Дневник, година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 25.
  3. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]